← Numbers (2/36) → |
1. | И им рече Господа на Мојсеја и Арона, велејки: |
2. | "Синовите Израилеви треба да се распоредат секој според својот чин, според знамето на домот свој, наоколу треба да се настанат синовите Израилеви пред Господа, околу скинијата на сведоштвото. |
3. | Најнапред, на исток, ке се настани полкот Јудин со војниците свои, и началникот на Јудините синови Наасон, синот Аминадавов. |
4. | Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири иљади и шестотини војници. |
5. | По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите синови Натанаил, синот Согаров, |
6. | чија сила е изброена на педесет и четири иљади и четиристотини војници. |
7. | Близу потаму да се смести племето Завулоново, и началникот на синовите Завулонови Елиав, синот Хелонов; |
8. | бројот на неговите доброволци изнесува педесет и седум иљади и четиристотини. |
9. | Сите изброени во Јудиновиот логор се сто и осумдесет и шест иљади и четиристотини; тиа први да тргнат. |
10. | Кон југ да биде распореден Рувимовиот полк со војската и началникот на синовите Рувимови Елисур, синот Седиуров; |
11. | бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест иљади и петстотини. |
12. | До него да се настани племето Симеоново, и началникот на синовите Симеонови Саламиил, синот Сурисадаев; |
13. | а неговите војници изброени беа педесет и девет иљади и триста. |
14. | Потоа да се насели племето Гадово, и началникот на синовите Гадови Елисаф, синот Рагуилов; |
15. | неговите доброволци беа на број четириесет и пет иљади и шестотини и педесет. |
16. | Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот полк изнесува сто и педесет и една иљада и четиристотини и педесет; тие втори да појдат. |
17. | Кога ке се крене скинијата на сведоштвото, населбата на левитите да биде во средината на другите населби. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место според чинот свој. |
18. | Кон морето да биде населбата на Ефремовиот полк со војската негова, и началникот на синовите Ефремови, Елисам, синот Емиудов, |
19. | а неговите војници изброени, се четириесет иљади и петстотини. |
20. | До него да се смести племето Манасиево, и началникот на синовите Манасиеви Гамалиил, синот Фадасуров, |
21. | со неговите доброволци, кои се триесет и две иљади и двесте. |
22. | Птота да се смести бризу до племето Венијаминово, и началникот на синовите Венијаминови Авидан, синот Гадеониев, |
23. | заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет иљади и читиристотини. |
24. | Сите изброени војници од Ефремовата населба се сто и осум иљади и сто; тие трети да поа аат. |
25. | Кон север да биде населбата на Дановата војка, и началникот на синовите Данови Ахиезер, синот Амисадаев, |
26. | и неговите војници, чиј број изнесува шеесет и две иљади и седумстотини. |
27. | А до него да се смести племето Асирово, и началникот на синовите Асирови Фагаил, синот Ехранов, |
28. | заедно со неговите војници на број, четириесет и една иљада и петстотини. |
29. | Потаму да се настани племето Нафталимово, и началникот на синовите Нафралимови Ахиреј, синот Енанов, |
30. | и неговите педесет и три иљади и четиристотини доброволци." |
31. | Сите, влезени во пребројувањето на Дановит полк, се сто и педесет и седум иљади и шестотини; тие последни да се креваат според чинот свој. |
32. | Сите изброени синови Израилеви според домовите нивни се шестотини и три иљади и петстотини и педесет. |
33. | А левитите не се вброени со синивите на Израилот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
34. | И направија синовите Израилеви се‘ што му беше заповедал Господ на Мојсеја; така се распоредија според чиновите свои, и така одеа секој според племето свое, според домовите свои. |
← Numbers (2/36) → |