← Numbers (19/36) → |
1. | И им рече Господ на Мојсеја и Арона, велеки: |
2. | "Еве ја наредбата на законот, што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите Израилеви да ти доведат јуница црвеникава, без повреда, без недостаток, и која не била впрегнувана; |
3. | дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата на чисто место, и да ја заколат пред него. |
4. | И нека зема свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска од нејзината крв седумпати пред скинијата на сведоштвото. |
5. | И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото нејзино, и крвта, а и нечистотиите нејзини - да ги изгорат. |
6. | И свештеникот да зема кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги стави во средината на огнот каде што гори јуницата. |
7. | А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ке биде нечист до вечерта. |
8. | И оној, што ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта. |
9. | А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите Израилеви, за приготвување очистителна вода. |
10. | А оној, пак, што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконение за синовите Израилеви и за придојдените, што живеат ме у нив. |
11. | Оној што ке се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена: |
12. | тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ке биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и седмиот ден, нема да биде чист. |
13. | Секој, што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ке ја оскверни скинијата Господова; тој човек да се истреби од Израилот, зашто не е попрскан со вода за очистување, тој е нечист, нечистотата е се‘ уште на него. |
14. | Еве го законот: ако човек умре дома, тогаш секој, што ке влезе во домот, и се‘ што е во шаторот, да биде нечисто седум дена; |
15. | секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист. |
16. | Секој, што ке се допре в поле до ранет, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена. |
17. | За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за очистување и да сипаат над неа изворска вода во сад. |
18. | И некој чист нека зема исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и лу е, што ке се најдат таму, и оној, што се допрел до човечка коска, или до ранет, или до умрен, или до гроб; |
19. | и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и седмиот ден и во седмиот ден тој ке се очисти; и да ја испере облеката своја, и да го измие телото свое со вода, и нечист ке биде до вечерта. |
20. | Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истеби од народот, зашто тој го осквернил светилиштето Господово: тој не е испрскан со вода за попрскување, нечист е. |
21. | Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за попрскување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за попрскување, да биде нечист до вечерта. |
22. | И се‘, до што ке се допре нечистиот, да биде нечисто, и човек кој се допрел, ке биде нечист до вечерта." |
← Numbers (19/36) → |