← Numbers (18/36) → |
1. | И му рече Господ на Арона: "Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, понесете го врз себе гревот за немарноста во светилиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ке го понесете врз себеси гревот за свештенодејствието свое. |
2. | Земи ги кај себе браката твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете кај скинијата на сведоштвото; |
3. | и да пазат на тебе и на скинијата; само да не се доближуваат до светите сосуди и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие. |
4. | Нека бидат тие при тебе и да ја чуваат скинијата на сведоштвото, и на сите работи во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе. |
5. | Така пазете го светилиштето и жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите Израилеви; |
6. | зашто вашите брака, левитите, Јас ги зедов ме у синовите Израилеви и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господа, за да служат при скинијата на сведоштвото; |
7. | а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со се‘ што принадлежи на жртвеникот; Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ке се доближи, да биде убиен." |
8. | И му рече Господ на Арона: "Ете, Јас ти ги давам првините за возношение, од сите осветени дарови за Мене, додека од синовите Израилеви, тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба. |
9. | Ова нека биде ваше: од Свјатаја Свјатих, од сите нивни дарови, од сите нивни жртви, и од се‘ поради престап, и од се‘ поради грев; од се‘ што Ми принесуваат Мене, од сите осветени дарови: тоа нека биде за тебе и за синовите твои. |
10. | Тоа да го јаде секој; од машки пол може да го јаде; тоа да ти беде свето. |
11. | И ова да биде ваше - од првините што се принесуваат, од се‘ што се вознесува од синовите Израилевни преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на керките твои заедно со тебе, секој чист во куката твоја може да јаде од тоа. |
12. | Секоја првина од елеј, секоја првина од вино и од пченицата, - сите првини, што тие Му ги принесуваат на Господа, твои да се; |
13. | и сите првини од плодовите на земјата нивна, што Му ги принесуваат на Господа, твои нека бидат; секој чист од куката твоја може да го јаде тоа. |
14. | Се‘ ште е осветено во земјата Израилева, да биде твое. |
15. | И се‘ она, што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господа, од лу е и добиток, да биде твое: само првородените од лу ето се откупуваат за избавување, и првороденото од нечист добиток да биде откупено. |
16. | А откупот им е: кога ке почнеш од еден месец нагоре, според оценката твоја, земај откуп пет сикли сребрени, според свештената сикла, која има дваесет бакреници; |
17. | но за првороденото теле и за првороденото од овците и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна пороси го жртвеникот, а лојот принеси го како жртва за благопријатен мирис на Господа, |
18. | а месото нивно, пак, ти припа а тебе, како што ти припа аат градите за возношение и десната плешка." |
19. | Сите вознесувани свети дарови кои синовите Израилеви Му ги принесуваат на Господа, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на керките твои заедно со тебе; тоа е завет скап, вечен пред Господа, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе. |
20. | И му рече Господ на Арона: "Од земјата нивна ке немаш наследство и дел нема да имаш ме у нив, бидејки Јас сум твојот дел и твоето наследство ме у синовите Израилеви. |
21. | А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од се‘, што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото. |
22. | И по сево ова синовите Израилеви да не пристапуваат до скинијата на сведоштвото, за да не згрешат и да не умрат. |
23. | Левиевите сами нека ја вршат службата во скинијата на сведоштвото и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ваши; но ме у синовите Израилеви тие нема да добиваат дел; |
24. | бидејки на левитите им го давам како дел десетокот од синовите Израилеви, кој тие го принесуваат за возношение пред Господа, затоа и им реков: ме у Израилевите синови тие нема да наследуваат дел." |
25. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
26. | "Кажи им на левитите и речи им: ‘кога го земате од синовите Израилеви десетокот, кој ви го дадов од нив во дел, затоа вознесувајте Му од него возношение на Господа, од десетокот десеток, - |
27. | и тоа веше возношение ке ви се прими како жито од гумното и како дел од течноста; |
28. | така и вие вознесувајте Му вознешение на Господа, од сите ваши десетоци, што ги земате од синовите Израилеви, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свештеникот Арон. |
29. | Од се‘ што ви се дарува, принесувајте на Господа, од секоја првина што се осветува од него.‘ |
30. | И кажи им: ‘кога ке принесувате жртви тоа ке им се смета за левитите какодар од гумно и дел од течност.‘ |
31. | Можете да го јадете тоа не секое место, вие и синовите ваши и домашните ваши, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на сведоштвото; |
32. | и нема да погрешите ако ги принесувате првините од тоа; и не осквернувајте ги даровите за осветување од синовите Израилеви, за да не умрете." |
← Numbers (18/36) → |