← Numbers (17/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви и земи од нив по еден жезал од колено, по еден жезал од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезалот; |
3. | Ароновото име напиши го на Левиевиот жезал, зашто тие треба да дадат еден жезал, според племето на нивниот род, |
4. | и стави ги во скинијата на сведоштвото, пред ковчегот на откровението, каде што ви се јавувам; |
5. | и кого Јас ке го одберам, и неговиот жезал ке го расцутам; и така ке го отстранам ропотот на синовите Израилеви, што го креваат против вас." |
6. | И им рече Мојсеј на синовите Израилеви, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезал, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезал беше ме у жезлата нивни. |
7. | Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на сведоштвото. |
8. | На врориот ден влезе Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото, и ете, Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, беше потерал, пуштил гранчиња, процутил и родил ореви. |
9. | И ги изнесе Мојсеј сите жезли од лицето Господово пред сите синови Израилеви; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезал. |
10. | И му рече Господ на Мојсеја: "Постави го пак Ароновиот жезал пред ковчегот на откровението да се чува, како претсказание за непокорените, па ропотот против Мене да престане и тие да не изумрат." |
11. | И Мојсеј и Арон направија така, како што му заповеда Господ на Мојсеја, така направија. |
12. | И му рекоа синовите Израилеви на Мојсеја: "Ете, ние се требиме, гинеме, исчезнуваме; |
13. | секој, што се приближува кон скинијата на сведоштвото Господово, умира: дали ке изумреме така сите?" |
← Numbers (17/36) → |