← Numbers (16/36) → |
1. | Кореј, синот на Исар, синот Каатов, синот Левиев, Датан и Авирон, синовите на Елиав, и Авнан, синот на Фалет, синови Рувимови, |
2. | востанаа против Мојсеја заедно со двесте и педесет мажи од синовите Израилеви, началници на народот, повикувани на собранието, мажи познати. |
3. | И се собраа против Мојсеја и Арона и им рекоа: "Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и ме у нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?" |
4. | Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум |
5. | и му кажа на Кореја и на сите негови соученици, велејки: "Утре ке покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Он ке го избере, него и ке го доближи до Себеси. |
6. | Еве што ке направи: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците |
7. | и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господа; кого Господ ке го избере, тој и ке биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!" |
8. | И му рече Мојсеј на Кореја: "Чујте Левиеви синови! |
9. | Малку ли ви е тоа, што Бог Израилев ве оддели од Израилевото општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот Господов, служејки за нив? |
10. | Он те приближи тебе и заедно со тебе сите твои брака, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате. |
11. | И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господа. Што е Арон, па негодувате против него? |
12. | Мојсеј испрати да го повикаат Датана и Авирона, Елиавовите синови. Но тие рекоа: "Нема да одиме! |
13. | Малку ли ти беше, што не‘ изведе од земјата, каде што тече мад и млеко, за да не‘ погубиш во пустињата, а сакаш уште и да господариш над нас; си станал кнез. |
14. | Не‘ воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја, или сакаш да им ги изведиш очите на тие лу е? Нема да одиме!" |
15. | Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господа: "Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел осел, никому од нив не сум му направил зло." |
16. | И му рече Мојсеј на Кореја: "Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и другите, |
17. | па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница - двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница." |
18. | И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на сведоштовото; исто така и Мојсеј и Арон. |
19. | И Кореј ги собра против нив целото општество при влезот од скинијата на сведоштвото. И славата Господова се јави пред целото општество. |
20. | И им рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки: |
21. | "Секој од вас нека се истави од тие лу е, и во еден миг ке ги истребам." |
22. | А тие паднаа ничкум и рекоа: "Боже, Боже на духовите и на секоја плот! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?" |
23. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
24. | "Кажи му на народот: отстапете наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона!" |
25. | И стана Мојсеј и отиде кај Датана и Авирона, и по него отидоа и старешините Израилеви. |
26. | И му рече на народот: "Тргнете со од шаторите на тие лу е со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете заедно со нив во сите нивни гревови!" |
27. | Тие се тргнаа наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и жените нивни, и децата нивни, и стоката нивна! |
28. | Тогаш Мојсеј рече: "Во ова ке познаете, дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси. |
29. | Ако умрат тие, како што умираат сите лу е, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите лу е, тоа тогаш Господ не ме пратил; |
30. | но, ако Господ изврши нешто необично, и земјата ја отвори устата и ги голтне и домовите нивни, и куките нивни и се‘ што има кај нив, и тие слезат живи во адот, тогаш уверете се, дека овие лу е Го разгневиле Господа." |
31. | Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе, |
32. | и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и домовите нивни, и сите лу е заедно со Кореја и добитокот нивни, |
33. | и тие слегоа живи во адот со се‘ што беше нивно, и земјата го покри, и нив ги снема од средината на општеството. |
34. | Сите Израилци, што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, за да не не‘ голтне, велеа тие, и нас - земјата. |
35. | Оган излезе од Господа и ги изгори оние двесте и педесет мажи, што беа принеле темјан. |
36. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
37. | "Кажи му на Елеазара, синот на свештеникот Арон, да ги собере бакарните кадилници на изгорените и ту иот оган да го исфрли, бидејки се осветија преку нивната смрт, |
38. | и да се сплескаат како листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, а затоа се осветија; и тие ке бидат опомена за синовите Израилеви." |
39. | Тогаш Елеазар, синот на свештеникот Арон, ги зеде бакарните кадилници, што ги беа донеле изгорените, и ги сплеска на листови за оковување на жртвеникот, |
40. | за да помнат синовите Израилеви, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господа, за да не стане и со него она, што стана со Кореја и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеја. |
41. | На вториот ден целото општество на синовите Израилеви возропта против Мојсеја и Арона и рече: "Вие го уништивте народот Господов." |
42. | И кога се собра народот, нападна на Мојсеја и на Арона, тие погледаа кон скинијата на сведоштвото, |
43. | и ете, ја покри облак, и славата Господова се јави. И влегоа Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото. |
44. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
45. | "Отстранете се од тоа општество и Јас во еден миг ке ги погубам!" Но тие паднаа на колена. |
46. | И му рече Мојсеј на Арона: "Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господа, и почна да ги погубува лу ето. |
47. | И зеде Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете почна помор ме у народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот: |
48. | застана ме у мртвите и живите, и смртта престана. |
49. | Изумреа од поморот четиринаесет иљади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореја. |
50. | Тогаш Арон се врати кај Мојсеја, при влезот од скинијата на сведоштвото, откако престана поморот. |
← Numbers (16/36) → |