← Numbers (14/36) → |
1. | Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше целата таа нок; |
2. | и сите синови Израилеви роптаа против Мојсеја и Арона, и целиот народ им велеше: "О, да бевме умреле во Египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустиња! |
3. | И зошто Господ не‘ води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ке станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет." |
4. | Па си велеа едни на други: "Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет." |
5. | Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото собрание на Израиловите синови. |
6. | И Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефониев, ме у оние, што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои |
7. | и им рекоа на сите собрани синови Израилеви: "Земјата, што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра. |
8. | Ако Господ не‘ сака, ке не‘ воведе во неа и ке ни ја даде - таа земја, каде што тече мед и млеко; |
9. | но не отстапувајте од Господа и не плашете се од народот на таа земја; зашто Он ке ни биде потпора наша; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив." |
10. | И целото собрание рече: "Да ги убиеме со камења!" Но славата Господова се јави во облак над скинијата на сведоштвото пред сите синовите Израилеви. |
11. | И му рече Господ на Мојсеја: "До кога ке Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци, што ги извршив Јас ме у него? |
12. | Kе го поразам со смрт, ке го истребам, и ке создадам од тебе и од домот на таткото твој народ многуброен и посилен од овој." |
13. | Но Мојсеј Му рече на Господа: "Kе чујат Египтјаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ, |
14. | но чуја за тоа и жителите на оваа земја, дека Ти, Господи, си ме у овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Товојот облак стои над нив, и ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноке во огнен столб; |
15. | па, ако Ти го истребиш овој народ до еден човек, тогаш сите оние што ја чуја славата Твоја, ке речат: |
16. | ‘Господ не може да го воведе овој народ во земјата, која со клетва му ја вети, па затоа го погуби во пустињата.‘ |
17. | И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејки: |
18. | ‘Господ е долготрпелив и многумилостив и вистинит, Кој ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите, и не остава без казна, а за беззаконијата на татковците ги казнува децата дури до третото и четвртото колено. |
19. | Прости им го гревот на овие лу е поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука." |
20. | И му рече Господ на Мојсеја: "Простувам според зборот твој; |
21. | но жив сум Јас, и секогаш ке живее името Мое, и целата земја ке се исполни со славата Господова: |
22. | бидејки оние лу е, што ја видоа славата Моја и делата Мои, што ги извршив во Египет и во пустињата, и Ме искушуваа веке десетпати, и не го послушаа гласот Мој, |
23. | нема да ја видат земјата, која со клетва им ја ветив на татковците нивни; само на децата нивни, кои се тука со Мене, кои не знаат, што е добро, што е лошо, на сите малолетни, кои ништо не разбираат, ним ке им ја дадам земјата, а сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат; |
24. | но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ке го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ке ја наследи. |
25. | Амаликијците и Хананејците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустињата кон Црвено Море!" |
26. | И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: |
27. | "До кога овој лош народ ке негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите Израилеви, што ги упатуваат против Мене. |
28. | Кажи им: жив сум Јас, вели Господ: како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ке ви направам и Јас вам; |
29. | во оваа пустиња ке паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре, што роптате против Мене, |
30. | нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јофониевиот син, и Исус, Навиновиот син; |
31. | децата ваши, за кои велевте, дека ке станат плен, ке ги воведам таму, и тие ке ја познаат земјата, која вие ја презревте; |
32. | а вашите трупови ке паднат во оваа пустиња; |
33. | синовите ваши, пак, ке скитаат по пустињата четириесет години и ке страдаат, носејки го вашиот грев се‘ додека не загинат телата ваши во пустињава; |
34. | според бројот на четириесет дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ке стредате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да ја разберете јароста на Мојот гнев. |
35. | Јас, Господ, ви велам, невистина така и ке постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустиња сите ке се истребат и ке изумрат." |
36. | И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по вракањето свое, возроптаа пред сиов овој народ, ширејки лоши гласови за земјата, |
37. | оние, што ширеа лоши гласови за земјата, умреа, празени пред Господа; |
38. | само Иисус, синот Навинов, и Халев, синот Јефониев, останаа живи од оние мажи, што беа отишле да ја разгледаат земјата. |
39. | Откога ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови Израилеви, народот се расплака. |
40. | И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, велејки: "Ете, ке отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејки згрешивме." |
41. | Но Мојсеј рече: "Зошто не ја исполнивте заповедта Господова? Нема да успеете: |
42. | не одете горе, оти Господ не е ме у вас; и ке паднете од непријателите ваши, |
43. | бидејки таму пред нас си Амаликијците и Хананејците, и ке паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Господа, и Господ нема да биде со вас." |
44. | Но тие решија и се искачија на врвот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот. |
45. | Амаликијците и Хананејците, што живееја на онаа планина, ги сопреа и ги гонеа дури до Ермон и се вратија во логорот. |
← Numbers (14/36) → |