← Numbers (13/36) → |
1. | Потоа народот тргна од Асирот и се размести во шатори, во пустињата Фаран. |
2. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
3. | "Испрати од себе лу е да ја разгледаат Хананската земја, која Јас им ја давам на синовите Израилеви во владение: по еден човек од секое племе според домовите нивни; испрати ги сите нивни старешини!" |
4. | Тогаш Мојсеј ги испрати од пустињата Фаран, по заповед Господова, и тие сите беа мажи, старешини на синовите Израилеви. |
5. | Еве ги имињата нивни: од Рувимовото племе - Самуил, Захуровиот син; |
6. | од Симеоновот племе - Сафат, Суриевиот син; |
7. | од Јудиното племе - Халев, Јефониевиот син; |
8. | од Исахаровото племе - Игал, Јосифовиот син; |
9. | од Ефремовото племе Авсис Навиновиот син; |
10. | од Венијаминовото племе - Фалтиј, Рафувовиот син; |
11. | од Завулоновото племе - Гудиил, Судиевиот син; |
12. | од Јосифовото племе на синовите Манасиини - Гадиј, Сусиновиот син; |
13. | од Дановото племе - Амиил, синот на Гамалин; |
14. | од Асировото племе - Сатур, Михаиловиот син; |
15. | од Нефталимовото племе - Навиј, Савиновиот син; |
16. | од Гадовото племе - Гудиил, Махиловиот син. |
17. | Тоа се имињата на мажите, што ги испрати Мојсеј да ја разгледаат земјата. И го нарече Мојсеј Осија, Навиновиот син, Исус. |
18. | Ги испрати Мојсеј од пустињата Фаран, за да ја разгледаат Хананската земја и им рече: "Одете во онаа пустиња и качете се на гората, |
19. | и погледајте ја земјата каква е, и народот, што живее таму: силен ли е или е слаб, малуброен ли е или е многуброен; |
20. | и каква е земјата, каде што живее тој, добра ли е или лоша; и какви се градовите, во кои живее, - оградени ли се или не. |
21. | Каква е земјата, плодна ли е или не, има ли на неа дрвја или нема? Поткрепете се, па земете од плодовите на земјата." А тоа беше во пролет кога зреат јагодите. |
22. | Тие отидоа и ја разгледаа земјата од пустињата Син дури до Роов, близу до Емат; |
23. | и одејки по пустињата, тие стигнаа до Хеврон, каде што живееја Ахиман, Сесиј, и Теламин, од родот на Енах; а Хеврон беше изграден седум години порано од египетскиот град Танин; |
24. | и дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа, и таму видоа прачка со еден грозд, ја пресекоа и обајцата ја понесоа на стап; зедоа и калинки и смокви; |
25. | тие го нарекоа тоа место лозова долина поради гроздот што го пресекоа таму синовите Израилеви. |
26. | И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена. |
27. | И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израилеви во пустињата Фаран, во Кадес, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја; |
28. | и му раскажаа и рекоа: "Бевме во земјата, во која не‘ испрати; во земјата каде што тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини; |
29. | но народот, што живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени со големи огради; таму го видовме и родот Енахов. |
30. | Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хетејците, Евејците, Јевусејците и Аморејците живеат по планината, Хананејците, пак, жиевеат крај морето и по брегот на Јордан." |
31. | Но Халев го успокојуваше народот пред Мојсеја, велејки: "Да идеме и да ја преземеме, зашто можеме да ја завладееме!" |
32. | А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: "Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас." |
33. | И протурија ужасни гласови ме у синовите Израилеви за земјата, што ја беа разгледале и велеа: "Земјата што ја изодивме, за да ја разледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми. |
34. | И таму видовме исполини, од родот Енахов; ние изгледавме пред нив како скакулци, такви бевме и во нивните очи." |
← Numbers (13/36) → |