← Numbers (12/36) → |
1. | Тогаш Маријам и Арон го прекоруваа Мојсеја поради жената Етиопјанка, што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка; |
2. | и рекоа: "Само на Мојсеја ли му зборува Господ? Не ни говореше ли Он и нам?" И Господ го чу тоа. |
3. | А Мојсеј беше најкроткиот човек ме у сите лу е на земјата. |
4. | И им рече Господ веднаш на Мојсеја, Арона и на Маријам: "Излезете вие тројца пред скинијата на сведоштвото!" Тие излегоа и тројцата. |
5. | И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на сведоштвото, па го повика Арона и Маријам, и тие излегоа и двајцата. |
6. | И рече: "Чујте ги Моиве зборови: ако ме у вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него; |
7. | не е така, ме утоа со Мојот слуга Мојсеј, - тој е верен на целиот Мој дом: |
8. | Јас говорам со него уста со уста, и јавно, а не преку гатање, и тој ја виде славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеја?" |
9. | И се разгори гневот на Господа против нив, и Он си отиде. |
10. | Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Маријам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Маријам, и, ете, таа е лепрозна. |
11. | И му рече Арон на Мојсеја: "Помоли Го Господа ова да не ни го смета за грев, бидејки не знаевме дака погрешивме; |
12. | не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до половина веке е гнило." |
13. | И се обрна Мојсеј кон Господа, велејки: "Боже, Ти се молам, исцели ја." |
14. | Му рече Господ на Мојсеја: "Ако татко и‘ ја беше плукал во лице, не ке требаше ли таа да се срамува седум дена! И така, таа да биде затворена седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати." |
15. | И се одлучи Маријам да биде затворена надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати. |
← Numbers (12/36) → |