← Numbers (11/36) → |
1. | Народот почна гласно да мрмори пред Господа; и Господ чу, па Му се разгори гневот, и ме у нив пламна оган Господов и истреби еден дел од војската. |
2. | И повика народот кон Мојсеја; Мојсеј Му се помоли на Господа и огнот престана. |
3. | И го нарекоа тоа место "(оган)" тавера, зашто ме у нив беше пламнал оган Господов. |
4. | Продојдените ме у нив почнаа да негудуваат, а заедно со нив и синовите Израилени седнаа, плачеа и велеа: "Кој ке не‘ нахрани со месо?" |
5. | Ја опмниме рибата што ја јадевме како подарок во Египетската земја, краставиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот; |
6. | а сега душата наша се исушила: освен мана, ништо друго пред очите наши." |
7. | А маната прилегаше на кориандрово семе и изгледаше како кристал. |
8. | Народот одеше да ја собира и ја мелеше со рачници, и ја толчеше во вагани, и ја вареше во котли, па правеше од неа питки; по вкус тие личеа на питулици, приготвени со елеј |
9. | Кога ноке па аше роса врз логорот, тогаш па аше и мана врз него. |
10. | И чу Мојсеј дека народот плаче во колибите свои, секој пред вратата од шаторот свој; и гневот Господов силно се разгоре, и на Мојсеја му стана тешко. |
11. | И Му рече Мојсеј на Господа: "Зошто го озлоби Твојот роб и зошто не најдов јас милост пред очите Твои, па го стави врз мене целото бреме на овој народ? |
12. | Зар јас го зачнав во утробата своја овој народ, и зар јас го родив, па ми велиш: ‘носи го на раце, како што доилката го носи детето, до земјата, која Ти со клетва му ја вети на татковците негови?‘ |
13. | Од каде при мене месо, па да им дадам на сите овие лу е, оти тие плачат пред мене и велат: ‘дај ни месо да јадеме.‘ |
14. | Јас сам не можам да го водам сиот овој народ, зашто таа заповед е тешка за мене. |
15. | Штом така постапуваш со мене, подобро убиј ме ако сум добил милост пред Твоите очи, па да не ја гледам невољата своја." |
16. | И му рече Господ на Мојсеја: "Собери ми седумдесет мажи од старците ме у старешините Израилеви, за кои знаеш дека се негови старешини и надзиратели, па доведи ги кај скинијата на сведоштовото, за да застанат таму заедно со тебе. |
17. | Јас ке слезам и ке зборувам таму со тебе, ке земам од Духот, Кој е во тебе, и ке им наредам ним, да го носат заедно со тебе товарот на народот, а не ти сам да го носиш. |
18. | А на народот кажи му: ‘очистете се за утрешниот ден, и ке јадете месо; зашто плачете пред Господа велејки: - кој ке не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, - затоа Господ ке ви даде месо, и ке јадете месо; |
19. | ке јадете не ден, не два, не пет дена, не десет и не дваесет дена, |
20. | но цел месец ке јадете, додека не ви излезе од ноздрите и не ви омрзне, затоа што го презревте Господа, Кој што е ме у вас, и плачете пред Него, велејки: - што ни требаше да излегуваме од Египет?" |
21. | И рече Мојсеј: "Шестотини иљади пешаци има во тој народ, ме у кои сум и јас, а Ти велиш: Јас ке им дадам месо, и ке јадат цел месец! |
22. | зар треба да се заколат сите овци и волови, па да им биде доволно, или ке се собере сета морска риба, па да ги задоволи?" |
23. | И му рече Господ на Мојсеја: "Зар е раката Господова кратка: сега ке видиш, ке се оствари ли зборот Мој кон тебе, или не.: |
24. | Мојсеј излезе и му ги кажа на народот зборовите Господови, и собра седумдесет постари мажи ме у старешините народни и ги постави околу скинијата. |
25. | И Господ слезе во облак и говореше со него, и зеде од Духот, Кој беше над него, и им даде на седумдесетте мажи старешини. И кога слезе над нив Духот, тие почнаа да пророкуваат, но потоа престанаа. |
26. | Двајца од мажите беа останале во логорот; името на едниот му беше Елдад, а на другиот - Модад; но и над нив беше слегол Духот, тие беа ме у запишаните, само што не излегоа при скинијата, но и тие пророкуваа во логорот. |
27. | Дотрча едно момче и му јави на Мојсеја, и рече: "Елдад и Модад пророкуваат во логорот." |
28. | Во одговор на тоа Исус син Навинов, служител на Мојсеја, еден од избраниците негови, рече: "Господаре мој, Мојсеју, забрани им!" |
29. | Но Мојсеј му рече: "Зар завидуваш поради мене? О, да беа сите од народот Господов пророци, и да им го испратеше Господ Својот Дух!" |
30. | Тогаш Мојсеј се врати во логорот, тој и старешините Израилеви. |
31. | Потоа ветар дувна од Господа, и донесе откај морето потполошки и ги натрупа околу логорот на еден ден пат од едната страна и на еден ден пат од другата страна околу логорот, речиси до два лакта од земјата. |
32. | Се крена народот, и целиот оној ден и цела нок и целиот иден ден се собираа потполошки; и оној, кој малку собираше, и тоја набра десет гомери: и си ги наредија околу логорот да се сушат. |
33. | Месото беше уште во нивните заби и уште не беше изедено, и се разгоре гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со мошне голем пораз. |
34. | И го нарекоа тоа место: гробишта на алчноста, зашто таму го погребаа народот, што се покажа алчен. |
35. | И се кренаа лу ето од гробиштата на алчноста, па појдоа за Асирот, и во Асирот се сместија. |
← Numbers (11/36) → |