← Numbers (10/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Направи си две сребрени труби, ковани направи ги, за да ти служат да го собираш народот и да ги креваш полковите. |
3. | А кога ке затрубиш со нив, да се собере кај тебе целото општество пред влезот од скинијата на сведоштвото. |
4. | Кога ке се затруби со едната труба, да дојдат кај тебе кнезовите и војводи Израилеви. |
5. | Кога ке затрубите за поа ање, да се кренат оние полкови, што се сместени кон исток. |
6. | Кога ке затрубите по вторпат за поа ање, тогаш да се кренат полковите, што се сместени кон југ; штом ке затрубите по третпат за поа ање, нека се кренат полковите што се настанети кон морето; кога по четврти пат ке дадете знак, да се кренат полковите, што се настанети кон север; да се труби кога се тргнува на пат. |
7. | Кога, пак, се свикува собранието, трубете, но не со знак. |
8. | Со трубите да трубат Ароновите синови, свештениците: тоа да ви биде вечен закон во родовите ваши. |
9. | И кога ке се кренете да ја браните земјата ваша од непријателот, кој оди против вас, трубете со знак, и Господ, Бог ваш, ке си спомни за вас, и вие ке се избавите од непријателите ваши. |
10. | И во деновите на веселбата ваша, и во празниците свои, и во новомесечијата свои трубете за сепаленица, а при жртвите ваши за спасение, - и тоа да биде секавање пред вашиот Бог: Јас сум Господ, Бог ваш." |
11. | На втората година, во вториот месец, на дваесеттиот ден од месецот, облакот се крена од скинијата на сведоштвото. |
12. | Тогаш синовите Израилеви појдоа од Синајската пустиња со имотите свои, и облакот застана во пустињата Фаран. |
13. | И се кренаа тие за првпат, по заповед на Господа, дадена преку Мојсеја. |
14. | Прво беше кренато знамето, што беше во полето на синовите Јудини, според доброволците нивни; над војската Јудина беше Наасон, Аминадавовиот син; |
15. | над војската од племето на синовите Исахарови беше Натанаил, Согаровиот син; |
16. | над војската од племето на синовите Завулонови беше Елиав, Хелоновиот син; |
17. | И се кренаа синовите Гирсонови и синовите Мерариеви, кои ја носеа скинијата. |
18. | А беше кренато и знамето во полкот на синовите Рувимови со нивната војска; и над војската Рувимова беше Елисур, Седиуровиот син; |
19. | а над војската од племето на синовите Симеонови беше Саламиил, Сурисадаевиот син; |
20. | над војските, пак, од племето на синовите Гадови беше Елисаф, Рагуилов син. |
21. | Потоа тргнаа Каатовите синови, носејки го светилиштето; и скинијата ја поставуваа онде, каде што пристигнуваа. |
22. | И се крена знамето во полкот на синовите Ефремови со војската негова; и над војската Ефремова беше Елисам, Емиудовиот син; |
23. | а над војската од племето на синовите Манасиеви беше Гамалиил, Фадасуровиот син; |
24. | над војската пак, од племето на синовите Венијаминови беше Авидан, Гадеониевиот син. |
25. | Последно ме у сите полкови беше кренато знамето во полкот на синовите Данови со војската нивна; и над војската Данова беше Ахиезер, Амисадаевиот син; |
26. | а над војската од племето на синовите Асирови беше Фагаил, Ехрановиот син. |
27. | над војската пак, од племето на синовите Нефталимови беше Ахиреј, Енановиот син. |
28. | Тоа се полковите на синовите Израилеви со војските нивни. И тргнаа. |
29. | И му рече Мојсеј на Јовав, Рагуиловиот син, Мадијамецот, Мојсеевиот тест: "Ние одиме во она место, за кое Господ рече: ‘вам ке ви го дадам.‘ Дојди со нас, ке ти направиме добро, зашто Господ вети многу добрини за Израилот." |
30. | Но тој му одговори: "Нема да дојдам; ке отидам во земјата своја, при родот свој ке појдам." |
31. | А Мојсеј му рече: "Не оставај не‘, зашто ти беше со нас во пустињата, и при нас ке бидеш старешина. |
32. | Ако појдеш со нас, оние добра, што Господ нам ке ни ги направи, ке ти ги направите и ние тебе." |
33. | И изминаа од планината Господова три дена пат, и ковчегот на заветот Господов одеше пред нив на три дена пат, за да им одбере место, каде да се сместат. |
34. | И облакот Господов ги осенуваше дење, кога тргнуваа од логорот. |
35. | Кога ковчегот се креваше за пат, Мојсеј велеше: "Стани, Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што Те мразат!" |
36. | А кога ковчегот се запираше, тој велеше: "Врати се, Господи, кај иљадите и десетиците иљади Израилеви!" |
← Numbers (10/36) → |