← Nehemiah (8/13) → |
1. | Кога настана седмиот месец, и синовите Израилеви живееја по градовите, се собра сиот народ како еден човек на плоштадот, што е пред Водните порти, и му рекоа на книжникот Ездра, да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израилот. |
2. | И свештеникот Ездра го донесе Законот пред собранието од мажи, жени и сите, што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец; |
3. | и читаа од него на плоштадот, што е пред Водните порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и ушите на сите лу е беа насочени кон книгата на Законот. |
4. | Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Мататија, Сема, Ананија, Урија, Хелкија и Масија, а лево од него - Федаија, Мисаил, Малхија, Асум, Асвадан, Зарахија и Месулам. |
5. | Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана. |
6. | Тогаш Ездра го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, - кревајки ги рацете угоре, клањајки се и па ајки ничкум доземи пред Господа. |
7. | А Исус, Ванаја, Саравија, Акан, Саватеј, Камтас, Азарија, Јозавадан, Анифанес и левитите му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои. |
8. | И читаа разбирливо од книгите, од Законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното. |
9. | Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го чуваа народот, му рекоа на сиот народ: "Овој ден е свет пред Господа, вашиот Бог; не тажете и не плачете," - зашто сиот народ плачеше, слушајки ги зборовите на Законот. |
10. | И им рече: "Одете, јадете... мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господа е поткрепа за вас." |
11. | И левитите го утешуваа сиот народ, велејки: "Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете." |
12. | И појде сиот народ да јаде и да пие и да испарка делови и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите, што им ги кажаа. |
13. | На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите при книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на Законот. |
14. | И го најдоа напишаното во Законот што Господ го беше дал преку Мојсеја, дека на празникот во седмиот месец синовите Израилеви треба да живеат во сеници. |
15. | Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејки: "Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива малина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја, за да направите сеници според запишаното." |
16. | Отиде народот и донесоа, та си направија сеници, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот при Водните Порти, и на плоштадот при Ефремовите Порти. |
17. | Целото општество од оние, што се беа вратиле од пленство, направи сеници и живееја во сеници. Од дните на Исуса, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израилеви. Радоста беше многу голема. |
18. | И читаа во книгата на Законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден - се одржа собор според уредбата. |
← Nehemiah (8/13) → |