← Nehemiah (7/13) → |
1. | Кога sидот беше изграден, и ги ставија вратите, а и вратарите беа пставени на службата своја, и певците и левитите, |
2. | тогаш му заповедав на братот мој Ананија и на началникот на домот во Ерусалим, бидејки тој беше од многу други поверен и побогобојазлив, |
3. | и им реков: нека не ги отвораат ерусалимските порти, додека не изгрее сонцето; и вечер, додека вратарите се нао аат тука, нека ги затвораат и заклучуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куката негова. |
4. | Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куките не беа изградени. |
5. | И Бог мој ми вложи во срцето да ги соберам првенците и началниците и народот, за да извршам пребројување. Па го најдов родословниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано: |
6. | ова се жителите на земјата, што се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Навуходоносор, и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град, - |
7. | оние, што тргнаа со Зоровавела, Исуса, Неемија, Азарија и Велма, Наемана, Мардохеја, Васана, Масфара, Ездра, Вогуја, Инаума, Вана и Масфара, бројот на народот Израилев: |
8. | синовите Фаросови - две иљади и сто и седумдесет и двајца. |
9. | Синовите Сафатиеви - триста и седумдесет и двајца. |
10. | Синовите Ираеви - шестотини и педесет и двајца. |
11. | Синовите Фет-Моавови - Исусови и Јоавови - две иљади и осумстотини и осумнаесет. |
12. | Синовите Еламови - иљади и двесте и педесет и четири. |
13. | Синови Затуеви - осумсторини и четириесет и пет. |
14. | Синовите Заханеви - седумстотини и шеесет. |
15. | Синовите Вануеви - шестотини и четириесет и осум. |
16. | Синовите Вереиеви - шестотини и дваесет и осум. |
17. | Синовите Гетадови - две иљади и триста и дваесет и двајца. |
18. | Синовите Адоникамови - шестотини и шеесет и седум. |
19. | Синовите Вагуеви - две иљади и шестотини и седум. |
20. | Синовите Адинови - шестотини и педесет и пет. |
21. | Синовите Атирови, од Езекиевиот дом - деведесет и осум. |
22. | Синовите Исамиеви - тирста и дваесет и осум. |
23. | Синовите Васееви, триста и дваесет и четири. |
24. | Синвоите Арифови - сто и дванаесет. |
25. | Родените во Гаваон - деведесет и пет. |
26. | Жителите од Витлеем и Нетофа - сто и осумдесет и осум. |
27. | Жителите од Анатот - сто и дваесет и осум. |
28. | Жителите од Вет-Асмавет - четириесет и двајца. |
29. | Жителите од Киријат-Јарим, Кафер и Вирот - седумстотини и четириесет и тројца. |
30. | Жителите од Рама и Гава - шестотини и дваесет и еден. |
31. | Жителите од Махмас - сто и дваесет и двајца. |
32. | Жителите од Ветил и Гај - сто и дваесет и тројца. |
33. | Жителите од другиот Невон - педесет и двајца. |
34. | Синовите од другиот Елам - иљади и двесте и педесет и четворица. |
35. | Синовите Арамови - триста и дваесет. |
36. | Родени во Јерихон - триста и четириесет и пет. |
37. | Родени во Лод, Адид и Оно - седумстотини и дваесет и еден. |
38. | Родени во Сенеја - три иљади и деветстотини и триесет. |
39. | Свештениците: синови Јодаеви, од Исусовиот дом - деветстотини седумдесет и тројца. |
40. | Синови Емирови - иљада и педесет и двајца. |
41. | Синови Фасеурови - иљада и двесте и четириесет и седум. |
42. | Синови Ирамови - иљада и седумнаесет. |
43. | Левитите: синови Исусови, од Кадмииловиот дом, од домот на Удуловите синови - седумдесет и четири. |
44. | Певците: синови Асафови - сто и четириесет и осум. |
45. | Вратарите: синови Салумови, синови Атирови, синови Талмонови, синови Акувови, синови Атитови, синови Соваеви - сто и триесет и осум. |
46. | Нетинејци: синовите на Илај, синовите на Асефа, синови Јаваотови, |
47. | синовите Кирасови, синовите на Сисанија, синовите Фадонови, |
48. | синовите на Лавана, синовите на Агава, синовите Салмаеви, |
49. | синовите Ананови, синовите Гиделови, синовите Гарови, |
50. | синовите Реајеви, синовите Ресинови, синови на Некода, |
51. | синовите Гизамови, синовите Озаови, синовите Фесови, |
52. | синовите Висаеви, синовите Меунимови, синовите Нафусесимови, |
53. | синовите Ваквукови, синовите на Акуфови, синовите Арурови, |
54. | синовите Васалтови, синовите на Мида, синовите Адасанови, |
55. | синовите Варкуеви, синовите на Сисара, синовите Тимаеви, |
56. | синовите Нисиниеви, синовите на Атифа. |
57. | Синовите на слугите Соломонови: синовите Сутеинови, синовите Сафаратови, синовите на Ферида, |
58. | синовите на Лели, синовите на Доркон, синовите Годаилови, |
59. | синовите Сефатиеви, синовите Атилови, синовите од Харет, синовите Амониеви. |
60. | Сите Нетинејци и синовите од слугите Соломонови - триста и деведесет и двајца. |
61. | Еве ги и оние што излегуваа од Телмелех, Тел-Арис, Херув, Адон и Имир, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израилот: |
62. | синовите Делаиеви, синовите Товиеви, синовите на Некода - шестотини четириесет и двајца. |
63. | А од свештениците: синовите Ховаиеви, синовите Акосови, синовите на Верзелија, кој беше женет со кекрата на Галадецот Верзелија и почна да се презива според нивното име. |
64. | Тие го бараа родословниот список, но не се најде, та затоа беа исклучени од свештенството. |
65. | И Атерсат им рече да не ја јадат големата светиња, се додека не се издигне свештеник со урим и тумим. |
66. | Целото општество заедно беше четириесет и две иљади и триста и шеесет души, |
67. | освен слугите нивни, кои беа седум иљади и триста и триесет и седум; и при нив уште певци и певици - двесте и четириесет и пет. |
68. | Коњи имаа седумстотини и триесет и шест, маски имаа двесте и четириесет и пет, |
69. | камили - четиристотини и триесет и пет, осли - шест иљади и седумстотини и дваесет. |
70. | Некои од родовските началници дадода приноси, за да врват работите. Агерсат даде во сокровишницата иљада драхми злато, петстотини чаши, петстотини и триесет свештенички одежди. |
71. | А некои од старешините дадоа во сокровишницата, за да напредуваат работите, дваесет иљади драхми злато и две иљади и двесте мнаси сребро. |
72. | Други од народот дадоа дваесет иљади драхми злато и две иљади мнаси сребро и шеесет и седум свештенички одежди. |
73. | И така се населија во градовите свои свештеници и левити, и вратари и певци, и народ и Нетинејци и сиот Израил. |
← Nehemiah (7/13) → |