← Nehemiah (6/13) → |
1. | Кога слушна Санавалат, Товија и Гисам, Арабјанинот и другите наши непријатели, дека јас го изsидав sидот, и повреда на него не остана - до тоа време, ме утоа, не бев поставил уште врати на портите, - |
2. | тогаш Санавалат и Гисам испратија да ми кажат: "Дојди, и ке се сретнеме во едно од селата во рамината Оно!" Тие кроеја да ми направат лошо. |
3. | Но јас испратив пратеници да им кажат: "Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ке запре, ако ја оставам и слезам при вас. |
4. | Четирипати испракаа при мене се со таква покана и јас им одговарав исто. |
5. | Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја. |
6. | Во него беше напишано: "Глас се разнесува ме у народите, и Гисам вели, дека божем ти и Јудејците сте намислиле да се отцепите, и поради што и го sидаш sидот и сакаш да им бидеш цар, така се зборува; |
7. | си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‘цар јудејски!‘ А таквите зборови ке дојдат до царот. Затоа дојди, и ке се посоветуваме заедно." |
8. | Но јас испратив да му кажат: "Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум." |
9. | А тие сите не плашеа, велејки: "Kе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши." Но јас уште повеке си ги зацврстив рацете свои. |
10. | Отидов во куката на Семеја, син на Делаја, син Метавеилев, и тој се затвори и рече: "Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ке дојдат да те убијат ноке." |
11. | Но јас одговорив: "Бива ли да бега човек како мене? Бива ли така како мене да влезе во хрмот, за да остане жив! Не одам." |
12. | Јас знаев, дека не го беше испратил Бог, - иако ми говореше пророчки, - туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле. |
13. | Тој беше поткупен, за да ме упраши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори. |
14. | Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалата според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци, што сакаа да ме уплашат? |
15. | Sидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот Елум, за педесет и два дена. |
16. | Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и ги видоа тоа сите околни народи, многу се обескуражија и дознаа дека таа работа и извршена од нашиот Бог. |
17. | Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци, пишуваа писма и ги испракаа до Товија, а Товиевите писма одеа при нив, |
18. | зашто мнозина во Јудеја беа во клетвен сојуз со него, оти тој му беше зет на Сехенија, син Ираев, а синот негов Јонатан беше женет за керката на Месулама, син Варахиев. |
19. | Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија ми испракаше писма, за да ме уплаши. |
← Nehemiah (6/13) → |