← Nehemiah (5/13) → |
1. | Се крена голем врисок од лу ето и нивните жени, против Јудејците, браката нивни. |
2. | Имаше едни, кои велеа: "Ние, синовите наши и керките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме." |
3. | Имаше и такви, што велеа: "Ги заложуваме нивните свои, лозјата свои и куките свои, за да си набавиме жито при оваа глад." |
4. | Имаше и такви, кои велеа: "Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои; |
5. | ние имаме исто тела, какви што се телата на браката наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и керките свои за слуги, а, пак некои наши керки веке се нао аат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците." |
6. | Кога го чув нивниот врисок и тие зборови, многу се јадосав. |
7. | Срцето мое се возбуди, и јас строго ги искарав првенците и војводите, велејки им: "Вие земате лихва од браката свои." И свикав против нив големо собрание, |
8. | па им реков: "Ние според силите свои ги откупуваме браката свои Јудејци, продадени на народите, а вие ги продавата браката свои, и тие ни се продаваат нам?" Тие молчеа и не знаеја, што да одговорат. |
9. | Тогаш реков: "Не е добро што правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог, за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели? |
10. | И јас и браката мои и оние што служат при мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг. |
11. | Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куките нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и елејот, што сте го зеле од нив." |
12. | А тие одговорија: "Kе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ке направиме така, како што велиш." Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да дадат клетва, дека ке направат така. |
13. | Па ја истресов облеката своја и реков: "Така да го истресе Бог секој човек, што нема да го одржи тој збор, од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно се!" И целото собрание рече: "Амин!" и го прославија Бога; и народот го одржа тој збор. |
14. | Од тој ден, кога бев определен за нивни управител во Јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браката мои не јадевме управителски леб. |
15. | А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте сикли сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји. |
16. | Притоа јас ги поттикнував работите кај овој sид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа. |
17. | При мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, освен оние што доа аа при нас од околните народи. |
18. | И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И при сето тоа јас не сакав управителски леб, зашто тешка работа лежеше врз тој народ. |
19. | Боже мој, спомни ме мене за сето добро, што го направив за овој народ! |
← Nehemiah (5/13) → |