← Nehemiah (3/13) → |
1. | И стана Елијашив, големиот свештеник, и браката негови, свештеници, и изградија Овчи Порти: ги осветлија и ги ставија вратите нивни и ги осветлија од кулата Меа до кулата Хананела. |
2. | До него градеа Јерихонците, а до нив градеше Закхур, син Аманиев. |
3. | Рибна Порта изградија синовите Асанаеви: тие ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучналниците нивни и резињата нивни. |
4. | До нив Меремот, син на Урија, син Акосов, го поправаше sидот; до нив Мосолам, син Варахиев, син Мозевилов; до нив поправаше Садок, син Ванин. |
5. | До нив поправаа Текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ. |
6. | Старите порти ги поправаа Јоизда, син Пасеахов, и Мешулам, син Весодиев; ти ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни. |
7. | До нив поправаше Малтија, Гаваонец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и Масфа, потчинетите на задречниот кнез. |
8. | До него поправаше Озиил, син Архиев, златар, а до него поправаше Ананија, син Ракеимов. Тие го обновија Ерусалим до широкиот sид. |
9. | До нив поправаше Рефаија, син Суров, началник на Ерусалимскиот полукруг. |
10. | До нив и спроти куката своја поправаше Једаија, син Ероматов, а до него поправаше Атут, син Асаваниев. |
11. | На вториот дел поправаше Мелхија, син Мрамов, и Асув, Фет-Моавов син; тие исто така ја поправаа и Кулата кај печката. |
12. | До нив поправаше Салум, Алаисов син, началник на Ерусалимскиот полуокруг, - тој и керките негови. |
13. | Долинските Порти ги поправаше Анун, и жителите од Занон: тие ги изградија и ги ставија вратитие нивни, клучалките нивни и резињата нивни: Тие уште поправаа и иљада лакти од sидот до Гноишните Порти. |
14. | А Гноишните Порти ги поправаше Мелхија, Риханов син, начланик на Виткрамскиот округ: тој ги изгради и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни. |
15. | Изворните Порти ги поправаше Соломон, Халезеов син, началник на округот Мисфа: тој ги изгради, ги покри и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни; тој го поправаше и sидот при бањата Силоам, спроти царската градина и од скалите, што слегуваа од Давидовиот град. |
16. | По него поправаше Неемија, Завухов син, начланик на Битсрускиот полукруг, до Давидовите гробници и до ископаното езеро и до куката на храбрите. |
17. | По нив поправаа левитите: Рехум, Ваниев син; до него поправаше, за својот округ, Асавија, началник на Кеилскиот полукруг. |
18. | По нив поправаа браката нивни: Венеи, Инададов син, началник на Келилскиот полуокруг. |
19. | А до него поправаше Азур, Исусов син, начланик на Мисфа, на вториот дел, спроти излезот кон оружницата на аголот. |
20. | По него ревносно поправаше Варух, Завуев син, на вториот дел, од аголот до кукната врата на Елијасува, големиот свештеник. |
21. | По него поправаше Мерамот, син на Урија, син Акосов, на вториот дел, од кукната врата на Елијасивови до крајот на Елијасивовата кука. |
22. | По него поправаа свештениците од околината. |
23. | По него поправаа Венијамин и Асув, спроти својата кука; по нив поправаше Азарија, син на Масија, Ананиев син, до куката своја. |
24. | По него поправаше Ванеј, син Ададов, на вториот дел, од Азариевата кука до аголот и свиокот. |
25. | По него - Фалах, Узаинов син, спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затворскиот двор. По него Фадаија, Фаросов син. |
26. | А Нетинејците, што живееја во Офал, поправаа спроти Водните Порти кон исток и до издадената кула. |
27. | По нив поправаа Текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офалскиот sид. |
28. | Од Конските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти куката своја. |
29. | По нив поправаше Садок, Сехениев син, чувар на источните порти. |
30. | По него поправаше Ананија, Шелемиев син, и Ханун, шестиот син Цалафов, на вториот дел. По него поправаше Мешулам, Верехиев син, спроти собата своја. |
31. | По него поправаше Малхија, Хацорфиев син, до куката на Нетинејците и трговците, спроти Хамифкадските Порти дури до аголната горнина. |
32. | А ме у аголната горнина и Овчите Порти поправаа златари и трговци. |
← Nehemiah (3/13) → |