← Nehemiah (2/13) → |
1. | Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркса, во месецот Нисан, имаше пред него вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него. |
2. | Но царот ме праша: "Зошто ти е нажалено лицето? Ти не си болен, такво нешто нема, но секако имаш тага на срцето." Јас многу се уплашив |
3. | и му реков на царот: "Нека е жив царот засекогаш! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на татковците мои, е запустен, и портите негови со оган се изгорени!" |
4. | И царот ми рече: "Па што бараш?" Јас се помолив на Бога небесен |
5. | и му одговорив на царот: "Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на татковците мои, за да го изsидам." |
6. | И ми рече царот и царицата, која седеше до него: "Колку време ке трае патот твој, и кога ке се вратиш?" И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето. |
7. | Тогаш му реков на царот: "Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до задречните обласни кнезови, за да ми дозволат пропуст, додека стигнам до Јудеја, |
8. | и писмо до Асафа, чуврот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината, што е при Божјиот дом, и за градските sидишта, и за куката, во која ке живеам." И царот ми даде, бидејки благодатната рака на мојот Бог беше над мене. |
9. | Кога стигнав при задречните обласни кнезови, им ги предадов царските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници. |
10. | Кога го слушнаа тоа Саваналат, Аронит и Товија, слуга амонитски, им стана многу непријатно, што дошол човек да се грижи за доброто на синовите Израилеви. |
11. | Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни. |
12. | Потоа станав ноке со неколку души, што беа при мене, и никому не му кажав, што ми ставил мојот Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на коешто јавав. |
13. | Така минав ноке преку Долинските Порти пред изворот во смокварникот и низ Гноиштните Порти, ги разгледав разрушените sидишта на Ерусалим и изгорените негови порти со оган. |
14. | И дојдов до Изворните Порти и до царското езеро, но таму немаше место да мине добичето, што беше под мене; |
15. | и се вратив назад по долот ноке и ги разгледав sидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив. |
16. | Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите работници. |
17. | Затоа им реков: "Гледате во каква невоља се нао аме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме sидовите на Ерусалим, та да не бидеме веке за срам пред лу ето." |
18. | И им раскажав, дека благодатната рака на мојот Бог беше над мене, - и за зборовите на царот, што ми ги кажа. Па им реков: "Да станеме и да градиме!" Тогаш им се зацврстија рацете во добро дело. |
19. | Кога го слушнаа тоа Саваналат Аронит и Товија, слуга амонитски, и Гисам Арабјанин, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: "Каква е таа работа што ја вршите? Не мислите ли повеке да се буните против царот?" |
20. | Јас им одговорив и реков: "Бог небесен, Он ке ми помогне, и ние, слугите Негови, ке почнеме да sидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим." |
← Nehemiah (2/13) → |