← Nehemiah (13/13) |
1. | Тој дена читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонитец и Моавец на смеат да влегуваат во Божјото општество дури до века. |
2. | Зашто тие не ги пресретнаа синовите на Израилот со леб и вода, а го најмија против него Валаама, за да го проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов. |
3. | Кога го слушнаа тој закон, тие ги одделија од Израилот се она што беше од друго племе. |
4. | А пред тоа свештеникот Елијасив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија, |
5. | одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, ливан и садови, и десеток од житото, виното и елејот, определени со закон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците. |
6. | Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по неколку дена пак се измолив од царот |
7. | Кога дојдов во Ерусалим и дознав за злото, што го беше направил Елијасив, определувајки за Товија соба во дворот на Божјиот дом, |
8. | ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покукнина на Товија надвор од собата, |
9. | и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садовите на Божјиот дом, лебниот принос и ливанот. |
10. | Дознав уште, дека на левитите не им биде давани деловите, и дека левитите и певците, што ја вршеа службата своја, се разбегале секој на нивата своја. |
11. | Јас ги искарав за тоа началниците и реков: "Зошто го напуштивме Божјиот дом?" И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни. |
12. | И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и зејтинот во одделите. |
13. | И ги поставив како настојници Селемија, и книжникот Садока, и Федаија од левитите, а при нив и Анана, синот Закхуров, син Матаниев, зашто се сметаа за верни. И таму беше наложено да раздаваат делови на браката свои. |
14. | Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не ги бриши сесрдните работи мои, што ги напрвив за домот на мојот Бог и за службата при него! |
15. | Во тие дни видов во Јудеја, дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат осли со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна. |
16. | И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим. |
17. | Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: "Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден? |
18. | Така правеа татковците ваши, та затоа Бог наш ги испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зголемувате гневот Негов против Израилот, осквернувајки ја саботата." |
19. | Потоа, штом ке зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затворат вратите и порачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите ги поставија своите слуги, и никаков товар да не премине во саботен ден. |
20. | Така трговците и продавачите на секаква стока нокеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим. |
21. | Но јас ги скарав строго и им реков: "Зошто нокевате до sидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ке ставам рака на вас." Оттогаш тие не доа аат во сабота. |
22. | И им реков на левитите, да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите, за да го светат саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост! |
23. | Во тие денови видов уште Јудејци, што си беа зеле жени азотки, амонитки и моавки; |
24. | и затоа синовите нивни зборуваа полу азотски, или според јазикот на другите народи, а по јудејски не знаеја да говорат. |
25. | Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а неко мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат керките свои за синовите нивни и да не ги земаат керките нивни за синовите свои и за себеси. |
26. | Нели поради тоа, си зборував, грешел и Соломон, царот Израилев? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Израилци; но, пак, другоземни жени го натераа во грев и него. |
27. | И можно ли ни е да слушаме за вас, дека го вршите сето тоа големо зло, бидејки грешите пред нашиот Бог, земајки другоземни жени? |
28. | Еден од синовите на Јоада, син на големиот свештеник Елијасив, беше зет на Санвалата Уротинат, Јас го изгонив од себеси. |
29. | Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски! |
30. | Така го очистив од се другоземно и ги установив службите на свештениците и левитите, на секого во неговата работа, |
31. | и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро! |
← Nehemiah (13/13) |