← Nehemiah (12/13) → |
1. | Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавела, синот Салатиилев, и со Исуса: Сараија, Јеремија, Ездра. |
2. | Амарија, Малух, Атуј, |
3. | Сеханија, Реум, Маримот, |
4. | Адија, Ренатон, Авија, |
5. | Мијамин, Мадија, Велга, |
6. | Семија, Јомарса, Идија, |
7. | Салуј, Амук, Хелкија, Одуија. Тоа се начланиците на свештениците и браката нивни во дните на Исуса. |
8. | А левитите: Исус, Матанија, главен при славословијата, тој и браката негови, |
9. | и Раквакија и Анај, нивни брака, кои заедно со нив чуваа стража. |
10. | Исус го роди Јоакима, Јоаким го роди Елијасива, Елијасив го роди Јодаја, |
11. | Јодај го роди Јонатана, Јонатан го роди Адуја. |
12. | Во дните на Јоакима беа свештеници и старешини: од Сераиевиот дом - Мераија, од Јеремиевиот дом Ананија, |
13. | од Ездровиот дом - Месулам, од Амариевиот дом - Јонатан, |
14. | од Мелихуевиот дом - Јонатан, од Саваниевиот дом - Јосиф, |
15. | од Херимовиот дом - Адна, од Мерајотовиот дом - Елкај, |
16. | од Идовиот дом - Захарија, до Гинетовиот дом - Месулам, |
17. | од Авиевиот дом - Зехрија, од Мијаминовиот дом и Моадаевиот дом - Фелетиј, |
18. | ов Валгасовиот дом - самуеј, од Семиевиот дом - Јонатан, |
19. | од Јоаривовиот дом - Матанај, од Едиевиот дом - Озиј, |
20. | до Салаивиот дом - Калај, до Амаковиот дом - Авед, |
21. | од Еликиевиот дом - Асавија, од Једиевиот дом - Натанаил. |
22. | Левитите, старешините, беа запишани во списокот во дните на Елијасива, Јојада, Јоа, и Јоанана, и исто така и свештениците за царувањето на Дарија персиски. |
23. | Синовите Левиеви, племенските старешини се запишани во летописот до дните на Јоханана, Елијасивовиот син. |
24. | Началници на левитете беа: Асавија, Саравија, и Исус, Кадмиловиот син, и браката нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давида, Божји човек, смена по смена. |
25. | Матанија, Ваквакија, Авдија, Месулам, Телмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови. |
26. | Тие беа во дните на Јоакима, синот на Исуса, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книжник. |
27. | Кога требаше да се осветуваат ерусалимските sидови, ги повикаа левитете од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим, за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли. |
28. | Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски, |
29. | и од - Галгал, и од полињата Гевски и Азмаветски, зашто певците си беа изградиле села во околината на Ерусалим. |
30. | И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и sидовите. |
31. | Тогаш ги изведов на sидот јудејските началници и поставив два големи збора певци, и едниот од нив одеше десно по sидот кон Гноишните порти. |
32. | По нив одеше Осија и половината јудејски началници: |
33. | Азарија, Ездра, Месулам, |
34. | Јуда, Венијамин, Семаија и Јеремија; |
35. | а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатана, син на Семаија, син на Матанија, син на Михеја, син на Закхура, Асафов син, |
36. | и браката негови: Самаија, Озиил, Гелол, Маја, Натанаил, Јуда и Ананиј со свирките на Давида, Божјиот човек, и книжникот Ездра пред нив. |
37. | До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давидовиот град, по скалите, што водеа кон sидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток. |
38. | Другиот збор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по sидот од Кулата кај печката до широкиот sид, |
39. | и од Ефремовите Порти, покрај старите порти и Рибните Порти и кулата Анамеилова, и кулата Емат, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти. |
40. | Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половина начланици со мене, |
41. | и свештениците: Елијаким, Масеја, Минијамин, Михеј, Елиоенај, Захарија и Ананија со трубите, |
42. | Масија, Семаија, Елеазар, Озиј, Јоханан, Мелхија, Елеамиј и Језур. А певците пееја високо; водач им беше Језрија. |
43. | Во тој ден се принесоа големи жртви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку. |
44. | Во истиот ден беа поставени лу е над одделите за приноси од првините и десетоците, за да собираат од нивите при градовите делови, поределени со Законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои стоеја, |
45. | и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давида и синот негов Соломона. |
46. | Оти уште одамна, во дните на Давида и Асафа, беа установени главни певци, како и песна за Бога, пофални и благодарствени. |
47. | Сите Израилци во дните на Зоровавела и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им даваа посветена на левитите, а левитите им даваа посветена на Ароновите синови. |
← Nehemiah (12/13) → |