← Nehemiah (10/13) → |
1. | Оние што удрија печат, беа: Неемија, Артастас, син Ахилиев, и Седекија, син Араиев |
2. | Серанија, Азарија, Јеремија, |
3. | Фасур, Амарија, Мелхија, |
4. | Атуст, Севанија, Малух, |
5. | Ирим, Мерамот, Адија, |
6. | Даниил, Ганатон, Варух, |
7. | Месулам, Авија, Мијамин, |
8. | Мазија, Велгај, Самаија: тоа се свештеници. |
9. | Левити: Исус, син Азариев, Внеј, од синовите Инададови, и Кадмиил; |
10. | и браката нивни: Саванија, Одуија, Камтан, Фелија, Анан, |
11. | Миха, Рехов, Асевија, |
12. | Закхор, Саравија, Севанија, |
13. | Одуја, Вануиј, синови Ваниуеви. |
14. | Народните кнезови: Фарос, Фат-Моав, Илам, Затуј, синови Ваниини, |
15. | Азгад, Вивај, |
16. | Ананија, Вагој, Идин, |
17. | Атир, Езекија, Азур, |
18. | Одувија, Исм, Висиј, |
19. | Ариф, Анатот, Новај, |
20. | Мегафис, Месуалм, Изир, |
21. | Месезевил, Садук, Једуја, |
22. | Фалтија, Анан, Анаја, |
23. | Осија, Ананија, Асув, |
24. | Адој, Фала, Совик, |
25. | Фаум, Есаванија, Масија, |
26. | Ахија, Енан, Инам, |
27. | Малух, Ирам, Вана. |
28. | И другиот народ, свештеници, левити, вратари певци, Нетинејци и сите, што беа минале од ту ите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, керките нивни, сите, што можеа да разберат, |
29. | се присоединија кон браката свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со клетва и проклетство - дека ке постапуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ке ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господа, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови. |
30. | И да не ги даваат керките свои на ту и народи, и нивните керки да не ги земаат за синовите свои; |
31. | и кога ту ите народи ке дотераат добиток и се за продавање во сабота, да не земаат од нив во сабота и во свештениот ден, и на седмата година да проштеваа секакви долгови. |
32. | И си поставивме за закон да даваме од себеси по една третина од сикла годишно за потребите на домот на нашиот Бог: |
33. | за лебовите на предложението, за постојаниот лебен принос и за постојаната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев, за очистување на Израилот, и за се што се врши во домот на нашиот Бог. |
34. | И фрливме жреб ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во одредено време секоја година да ги дотерува во домот на нашиот Бог, за да горат врз жртвеникот на Господа, како што е запишано во Законот. |
35. | Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво; |
36. | исто така - да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и ситниот добиток свој. |
37. | И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и елеј ке им испракаме на свештениците во келиите при домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја - на левитите. Тие, левитите, ке собираат десетотк во сите градови, каде што имаме земјоделство. |
38. | При левитите, кога собираат левитски десеток, ке има свештеник, син Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите одредени за клетови. |
39. | Зашто во тие простории како Израилевите синови, така и левитите се должни да носат се, што се принесува како дар: жито, вино и елеј. Таму се и свештените садови, и свштениците што служат, и вратарите и певците. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог. |
← Nehemiah (10/13) → |