Nehemiah (1/13) → |
1. | Зборовите на Неемија, синот Ахалиев. Во месецот Хаселев, во дванаесеттата година, јас бев во престолниот град Суза. |
2. | Тогаш дојде Ананија, еден од моите брака, - тој и неколку души од Јудеја. И јас ги прашав за многу нажалените Јудејци, што не беа заробени, и за Ерусалим. |
3. | А тие ми рекоа: "Оние што останаа незаробени, се нао аат таму, во земјата своја, и се во голема невоља и понижение; а sидовите на Ерусалим - се урнати, и портите негови - со оган изгорени." |
4. | Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молем пред Бога небесен, |
5. | и реков: "Господи, Боже небесен, Боже велики и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние, што Те сакаат и постапуваат - според Твоите заповеди! |
6. | Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени, за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноке пред Тебе за синовите Израилеви, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израилеви, со кои згрешивме пред Тебе , згрешивме - јас и домот на таткото мој. |
7. | Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга. |
8. | Но присети се на зборот, што му го беше дал на Мојсеја, Твојот слуга, велејки: ‘Ако станете престапници, ке ве растурам ме у народите, |
9. | а кога ке се обрнете кон Мене и ке ги пазите Моите заповеди и ке ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот на небото, и оттаму ке ве приберам и ке ве одведам на местото што сум го одбрал, за да го воведам таму името Свое.‘ |
10. | А тие се Твои слуги и Твој народ, што Си го откупил со големата Своја сила и со мокната Своја рака. |
11. | Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да се плашат од името Твое. Помогни му сега на Твојот слуга и воведи го во милоста на тој човек." - Јас бев пехарник кај царот. |
Nehemiah (1/13) → |