← Nahum (3/3) |
1. | Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него. |
2. | Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли. |
3. | Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На труповите им нема крај; и се сопнуваат од нив. |
4. | Тоа сето е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој продава народи, а со магиите - племиња. |
5. | Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ке ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ке им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата - срамотиите твои. |
6. | Kе нафрлам врз тебе нечистотии, ке те направам презрена, и ке те направам за приказ. |
7. | И секој, штом ке те види, ке побегне од тебе и ке рече: "Разурната е Ниневија! Кој ке сака да ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?" |
8. | Зар не си подобра од Но - Амона, кој лежи ме у реки, опколен со вода, чиј окоп е морето, и тоа му служеше како sид. |
9. | Етиопија и Египет со безбројно множество лу е ти служеа како поткрепа; а тие ти идеа на помош со Коптите и Ливијците. |
10. | Но и тој е раселен, отиде во ропство; дури и децата му се здробени - по сите градски крстосници; а за првенците му фрлија жреб, и сите големци се во вериги оковани. |
11. | И ти така ке се опиеш и ке криеш; и ке бараш заклон од непријателите свои. |
12. | Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ке паднат право во устата на оној што сака да ги јаде. |
13. | Ете, и народот твој во тебе се како жени: на непријателите твои ширум ке им се отворат портите на земјата, и оган ке ги проголта твоите резиња. |
14. | Зафати си вода за опсадата; зацврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи ја печката за печење тули. |
15. | Таму оган ке те проголта, меч ке те исече, ке те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци. |
16. | Трговците при тебе се повеке од sвездите на небото; но тие како скакулците ке се распрскаат и ке одлетаат. |
17. | И кнезовите твои се како скакулци, а војводите - како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ке изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде биле. |
18. | Спијат твоите пастири, царе асирски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да ги прибере. |
19. | Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ке чујат за тебе, ке ракоплескаат, зашто врз кого ли не си ја протегнал твојата постојана злоба. |
← Nahum (3/3) |