← Nahum (2/3) → |
1. | Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили. |
2. | Зашто Господ ке го воспостави величието на Јакова, како величието на Израилот, оти пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа. |
3. | Штитот на неговите јунаци е црвен: војниците негови носат црвени облеки; колите бојни ке фрлаат оган во денот на борбата и гора од копја ке се лулее. |
4. | Колите ке траскаат по улиците и ке се судираат една со друга, ке изгледаат како запалени факели, и ке светкаат како молњи. |
5. | Тој ке ги повикува јунаците свои, но тие ке бидат бавни во одот, ке побрзаат кон sидовите на градот, но опсадата е веке подготвена. |
6. | Вратите од реките ке се отворат и дворот ке се урне. |
7. | Решено е: таа ке биде оголена и во плен одведена, а слугинките нејзини ке стенкаат како гулаби, удирајки се в гради. |
8. | Ниневија, откако беше основана, беше како водобран полн со вода, а тие бегаат. "Стојте, стојте!". Но никој не се свртува да погледа. |
9. | Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натарупаните скапоцени работи. |
10. | Ограбена, опустошена и разурната е таа - срцето се топи, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се потемнети. |
11. | Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејки ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж? |
12. | Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше? |
13. | Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ке ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ке ги исече лавчињата твои, и ке го истребам од земјата грабежот твој; повеке нема да се чуе гласот на твоите пратеници. |
← Nahum (2/3) → |