Nahum (1/3) → |
1. | Пророштвото за Ниневија; книга за видението на Наума од Елкос. |
2. | Господ е Бог ревнив и одмаздник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои. |
3. | Господ е долготрпелив и голема е силата Негова, така што не остава никого без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав од под нозете Негови. |
4. | Kе му се закани ли на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Васан и Кармил, и свенува цветот на Ливан. |
5. | Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и се што живее во неа. |
6. | Кој може да устои против Него? И кој може да го издржи пламенот од гневот Негов? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распа аат пред Него. |
7. | Добар е Господ; Он е прибежиште во жалосен ден. Он ги познава оние, што се надеваат на Него. |
8. | Но со силна поплава, што се потопува, ке ја уништи Ниневија до темели и мрак ке ги обземе непријателите Негови. |
9. | Што сте намислиле против Господа? Он ке стави крај на се, и неволите веке нема да се повторат, |
10. | зашто, иако сплетени како трње и како од вино пијани, тие ке бидат наполно проголтани, како сува слама. |
11. | Од тебе произлезе оној, што смисли зло против Господа, и кој подготви нечесен заговор. |
12. | Вака вели Господ: "Макар што се безопасни и многубројни, тие ке бидат исклани и ке исчезнат; а тебе, иако те измачував, нема веке да те измачувам. |
13. | И сега ке го скршам јаремот негов, кој лежи врз тебе, и ке ги раскинам оковите твои. |
14. | А за тебе, Асире, Гсопод определи: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ке ги истребам идолите резани и лиени; во него ке ти направам гроб кога ке бидеш презрен. |
15. | Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веке да минува нечестивиот; тој е наполно уништен. |
Nahum (1/3) → |