← Micah (7/7) |
1. | Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните плодови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту зрел плод, што би посакала душата моја. |
2. | Нема веке милосрдни по земјата, нема праведни ме у лу ето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица. |
3. | Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците пројавуваат лоши похоти на душата своја и ја изопачуваат правдата. |
4. | Најдобриот од нив им е како трн, а справедливиот им е полош отколку ограда од трње. Денот на Твоите предвесници, денот на Твојата посета наближува; и сега ке ги опфати смут. |
5. | Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја широко устата своја. |
6. | Зашто синот го напа а татка си, керката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; непријатели на човекот му се неговите домашни. |
7. | Јас, пак, гледам кон Господа, е за моето спасение ке се надевам на Бога; мојот Бог ке ме чуе. |
8. | Не радувај се за мене, неријателко моја! Иако сум паднат, јас ке станам; макар што сум сега во мрак; Господа е мојата светлина. |
9. | Kе го поднесувам гневот Господен, - зашто сум згрешил пред Него - додека не го реши делото мое и не ме осуди; тогаш Он ке ме изведе на светлина, и јас ке ја видам правдата Негова. |
10. | И ке го види тоа мојата непријателка и срам ке ја покрие онаа што ми велеше: "каде е Господ, твојот Бог?" И ке го видат тоа очите мои - и таа ке биде згазена како кал на улица. |
11. | Во она време, кога ке се изsидаат sидовите твои, во тоа време границите ке се прошират надалеку. |
12. | Во оној ден ке пристигнат при тебе од Асирија до Египет, од Тир до Реката, и од море до море и од планина до планина. |
13. | А таа земја ке биде пустиња поради гревовите на жителите нејзини, и поради плодовите на делата нивни. |
14. | Паси го со жезалот народот Твој, овците на наследството Свое, оние, што живеат обединети во гората среде Кармил, остави ги да пасат тие во Васан и Галад како во стародревните дни! |
15. | Kе му покажам чудесни дела како во времето кога ти излезе од Египетската земја. |
16. | Kе го видат тоа народите и ке се засрамат при сета таа сила; ке стават рака на устата своја, и ушите нивни ке се заглушат. |
17. | Kе лижат прав како змии и како црвјата што излегуваат од земја, ке излегуваат од своите гнезда; ке се уплашат од Господа, од нашиот Бог, и ке се уплашат од Тебе. |
18. | Кој Бог е како Тебе, за да ги простува беззаконијата, да мине преку престапите на остатокот од Своето наследство? Он вечно не се гневи, зашто има обичај да се смилува. |
19. | Он пак ке се смили над нас и ке ги избрише нашите беззаконија. Он ке ги фрли сите наши гревови во морските длабочини. |
20. | Ти ке покажеш верност кон домот на Јакова, милост кон Авраама, како што со клетва си им ветил на татковците наши од првите дни. |
← Micah (7/7) |