← Micah (4/7) → |
1. | И, ете, затоа во последните дни планината на Господовиот Дом, ке биде поставена на чело над сите планини, и ке се издигне над ридовите, и ке поитаат кон неа народите. |
2. | И ке тргнат многу народи, и ке речат: "Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јакова - и Он ке не научи на Своите свети патишта, и ке одиме по патеките Негови; зашто од Сион ке излезе Законот, и од Ерусалим - словото Господово. |
3. | Он ке им суди на многу народи и ке изобличи многу племиња во далечни краишта; па ке ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои - во српови; и народ против народ нема да крене веке меч, и нема веке да се учат да војуваат; |
4. | секој ке седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа. |
5. | Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ке одиме во името на Господа, нашиот Бог, секогаш и довека." |
6. | Во оној ден, вели Господ, ке соберам се што е хромо, и ке соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил беда. |
7. | И ке направам од остатокот на хромите и прснатите по светот силен народ, и Господ ке царува над нив на гората Сион од сега па довека. |
8. | А ти, куло на стадото, риду на Сионовата керка, при тебе ке дојде и ке се врати поранешното владение, царството - при керките ерусалимски. |
9. | А зошто ти сега така гласно плачеш? Зар немаш цар или ти недостига советник, па те обзеле маки како кај родилка? |
10. | Страдај и мачи се од болки, керко Сионова, како родилка, зашто сега ке излезеш од градот, ке живееш во полето и ке стигнеш во Вавилон. Таму ке бидеш избавена, таму ке те откупи Господ од рацете на непријателите твои. |
11. | А сега се собрани многу народи против тебе и велат: "Нека биде осквернета и очите наши да се нагледаат на Сион!" |
12. | Но тие не ги знаат замислите на Господа и не ги разбираат намерите Негови - дека Он ги собрал како снопје на гумно. |
13. | Стани и удирај, керко Сионова, оти Јас ке го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ке прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ке ги посветиш на Господа - Владетелот над целата земја. |
← Micah (4/7) → |