← Micah (3/7) → |
1. | Затоа реков - чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Израилев: зар вие не знаете што е право? |
2. | А вие го мразите доброто и го сакате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни; |
3. | јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги стругнувате и ги кршите како за во сад, и месото нивно го дробите како за во котел. |
4. | И тие ке викаат кон Господа, но Он нема да ги чуе и ке го сокрие лицето Свое од нив во времето, додека тие вршат злодејанија. |
5. | Така вели Господ против пророците, кои го воведуваат во заблуда Мојот народ, кои гризат со заби - а проповедаат мир; а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна. |
6. | Затоа, место видени, вие ке гледате нок, место пророштво - темнина; и сонцето ке зајде над тие пророци и денот ке им потемнее над нив. |
7. | Kе се засрамат јасновидците, ке бидат посрамени гледачите, и сите ке ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога. |
8. | Но јас сум исполнет со силата на Духот Господен, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јакова престапите и на Израилот - гревот негов. |
9. | Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Израилев, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате се што е право. |
10. | Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда. |
11. | Поглаварите негови судат за подароци, свештениците учат за награди, а пророците пророкуваат за пари, и сепак се надеваат на Господа, велејки: "Нели е Господ ме у нас; затоа зло нема да не постигне." |
12. | Затоа поради вас Сион ке биде разорен како нива, а Ерусалим ке стане купиште од урнатини, и планината на тој Дом ке зарасне во шума. |
← Micah (3/7) → |