← Micah (2/7) → |
1. | Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ке се зазори, зашто не ги издигнаа кон Господа рацете свои. |
2. | Kе пожелат ниви - ги заземаат насила, куки - ги отимаат; и човекот го обираат, и куката негова, мажот и наследството негово. |
3. | Затоа вака вели Господ: "Еве Јас замислувам зло против тој род да пратам, кое не можете да го отфрлите од вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; оти тоа време ке биде лошо. |
4. | Во она време ке се зборува за вас, ке плачат многу и ке мислат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивните наши се веке раздадени на другородци." |
5. | Затоа не ке имам никого што ке фрли жреб во собранието пред Господа. |
6. | Не пророкувајте пророци; не пророкувајте им за да не ве постигне зло. |
7. | О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар се смали Духот Господов! Зборовите Мои зар не се благотворни за оној, кој постаува справедливо? |
8. | Но народот, кој порано беше Мој, сега стана непријател, и вие им ја грабите не само горната туку и долната облека на мирните лу е, што се вракаат од војна. |
9. | Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните пријатни домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја. |
10. | Станете и одете си, оти тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ке биде разорена - и тоа со голема погибел. |
11. | Ако некој ветропир измислува лага и вели: "ке ти проповедам за вино и за сикер", тој би бил добар за пророк на овој народ. |
12. | Навистина ке те соберам сиот, Јакове, навистина ке ги соберам остатоците Израилеви; ке ги соберам во едно како овците во Восор, како стадо овци во кошара; ке зазборуваат шумно поради многубројноста. |
13. | Пред нив ке тргне уривач на sидови; тие ке ги разбијат преградите, ке влезат низ портите и ке излезат низ нив, и царот нивни ке тргне пред нив, и Господ - ке биде на чело. |
← Micah (2/7) → |