Micah (1/7) → |
1. | Словото Господово, упатено до Михеја од Мораст, во деновите на Јоатама, Ахаза и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Самарија и за Ерусалим. |
2. | Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и се што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм! |
3. | Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ке слезе и ке стапи на земните височини, |
4. | и планините ке се расклатат под Него, долините ке се растопат како восок од оган, како водата што се пролива низ стрмнини. |
5. | И сето тоа ке стане поради нечесноста на Јакова, поради гревот на Израилевиот дом. Од кого е злодејанието на Јакова? Нели е тоа од Самарија? Од кого се идолските светилишта во Јудеја? Нели се тоа од Ерусалим? |
6. | Затоа од Самарија ке направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ке ги сринам камењата нејзини во долина и ке и ги разголам основите. |
7. | И сите нејзини резани ликови ке се строшат и сите нивни дарови од блуд - со оган ке бидат изгорени: сите идоли ке ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ке бидат дарови од блуд превртени. |
8. | Поради тоа ке заплачам и ке заридам, ке појдам бос и оголен, ке вијам како шакал, ке плачам како змија; |
9. | зашто тежок е нејзиниот пораз; тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ - се до Ерусалим. |
10. | Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во селото Офра посипете се со пепел. |
11. | Иселете се, жители сафирски, срамно разголени; нема да се спаси ни жителката санска, плачот во селото Езил нема да ви дозволи да се задржите ни таму. |
12. | Тагува за своето добро жителката маротска, зашто злото од Господа слезе до портите ерусалимски. |
13. | Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахиска, ти си почеток на гревот од керката Сионска, оти во тебе се појавија престапите на Израилот. |
14. | Затоа ти ке пракаш дарови во Моресет Гет; но населбите ахзивски ке бидат измама за царевите израилски. |
15. | Kе доведам и наследник при тебе, жителко мориска; и тој ке дојде дури до Одолам, славата на Израилот. |
16. | Фрли ја косата своја, истрижи се - од жал за своите сакани синови; разголи ја келавоста своја за нив како орел што ја разголува својата, зашто тие ке бидат одведени од тебе во ропство. |
Micah (1/7) → |