← Matthew (7/28) → |
1. | "Не судете, за да не бидете судени! |
2. | Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери. |
3. | Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око? |
4. | Или, како ќе му речеш на својот брат: 'Дозволи ми да ти ја извадам раската од твоето око', а, ете, во твоето око има греда? |
5. | Лицемеру, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе можеш да гледаш јасно, за да ја извадиш раската од окото на својот брат. |
6. | Не давајте им го на кучињата она што е свето; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат под своите нозе, и да не ви се свртат и да ве раскинат." |
7. | "Посакајте и ќе ви се даде; побарајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви се отвори. |
8. | Зашто секој кој посакува добива; кој бара наоѓа и на оној кој чука, ќе му биде отворено. |
9. | Или, кој е тој човек меѓу вас, што на својот син, ако му побара леб, ќе му даде камен? |
10. | Или, ако му побара риба, ќе му даде змија? |
11. | И така, ако вие кои сте зли знаете како да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе добри нешта ќе им даде вашиот Татко, Кој е на небесата, на оние што Го молат? |
12. | Следствено, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие; зашто тоа е Законот и пророците." |
13. | "Bлезете низ тесната порта! Зашто широка е портата и простран е патот што водат кон пропаст и мнозина се оние кои влегуваат низ неа. |
14. | Додека тесна е портата и тесен е патот што водат во живот и малкумина се оние што го наоѓаат." |
15. | "Чувајте се од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се ненаситни волци. |
16. | Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? |
17. | Па така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. |
18. | Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. |
19. | Секое дрво ако не раѓа добри плодови се сече и се фрла в оган. |
20. | Значи, ќе ги препознаете по нивните плодови." |
21. | "Секој што Ми вели: 'Господи, Господи!' нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Татко Кој е на небесата. |
22. | Bо оној ден мнозина ќе Ми речат: 'Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име, не изгонувавме ли демони во Твое име и не правевме ли моќни чуда во Твое име?' |
23. | А тогаш Јас ќе им изјавам: 'Никогаш не сум ве познавал. Одете си од Мене, вие, кои вршите беззаконие!' |
24. | И така, секој кој ги слуша овие Мои зборови и ги применува, ќе биде спореден со разумен човек кој ја изградил својата куќа врз карпа. |
25. | И заврна дожд, надојдоа реки, дувнаа ветрови и нагрвалија на куќата, но таа не се разурна, зашто беше втемелена врз карпата. |
26. | Секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа врз песок. |
27. | А кога заврна дожд, надојдоа реки, дувнаа ветрови и нагрвалија на таа куќа, таа се урна, а нејзиното уривање беше стравотно." |
28. | Кога Исус ги заврши овие зборови, толпата беше восхитена од Неговото учење; |
29. | зашто ги поучуваше како Оној Кој има власт, а не како нивните законици. |
← Matthew (7/28) → |