← Matthew (6/28) → |
1. | "Bнимавајте својата праведност да не ја вршите пред луѓето, за да ве видат; инаку ќе немате награда од вашиот Татко Кој е на небесата. |
2. | И така, кога даваш милостина, не фали се пред себе како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, заради почести од луѓето. Bистина ви велам, само тоа им е наградата. |
3. | А ти, кога даваш милостина, нека не ти знае левицата што прави десницата, |
4. | за да остане твојата милостина во тајност, а твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди." |
5. | "И кога се молите, не постапувајте како лицемерите кои сакаат да се молат, стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето. Bистина ви велам, само тоа им е наградата. |
6. | А ти, кога се молиш, влези си во својата соба, и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Татко Кој е во тајност, а твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди. |
7. | А кога се молите, не повторувајте празни зборови како другите народи, бидејќи мислат дека молитвата ќе им биде сослушана и исполнета, заради многуте зборови. |
8. | И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно уште пред да Му се помолите. |
9. | Туку молете се вака: Татко наш, Кој си на небесата, нека биде свето Твоето име; |
10. | Нека дојде Твоето царство, нека биде Твојата волја на земјата,така како што е на небото; |
11. | нашиот насушен леб, дај ни го денес; |
12. | и прости ни ги нашите долгови, како што ние им ги простивме на нашите должници; |
13. | и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во век и веков. Амин! |
14. | Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. |
15. | Ако вие не им ги простувате на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите." |
16. | "А кога постите, не бидете стушени како лицемерите, зашто тие ги муртат лицата, за да им покажат на луѓето дека постат. Bистина ви велам, само тоа им е наградата. |
17. | А кога постиш, изврши помазание на главата и измиј си го лицето, |
18. | за да не видат луѓето дека постиш, туку твојот Татко Кој е во тајност. А твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди." |
19. | "Не собирајте богатства на земјата, каде што молецот и 'рѓата ги уништуват, и каде што крадци разбиваат и отимаат; |
20. | туку собирајте богатства на небото, каде што не ги уништува ни молец, ниту 'рѓа, и каде што крадци не разбиваат и не отимаат; |
21. | зашто, каде што е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце." |
22. | "Светилка на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото тело ќе ти биде осветлено; |
23. | но ако окото ти е зло, целото тело ќе ти биде мрачно. И така, ако светлината што е во тебе е темнина, колкава ли е темнината!" |
24. | "Никој не може да им служи на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бог и на мамон." |
25. | "Затоа ви велам: не бидете загрижени за својата душа, за тоа што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар животот не е повеќе од храната, и телото од облеката? |
26. | Погледнете ги небесните птици! Тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту собираат во амбари, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте многу повредни од нив? |
27. | Кој од вас може, грижејќи се, да му придодаде на својот раст еден лакот? |
28. | Зошто сте загрижени и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат. |
29. | а Јас ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече како еден од нив. |
30. | И ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е тука, а утре ја фрлаат в печка, нема ли многу повеќе да стори за вас, о маловерни? |
31. | И така, не бидете загрижени, велејќи: 'Што ќе јадеме?' или: 'Што ќе пиеме?' или: 'Што ќе облечеме?' |
32. | Зашто сето тоа го бараат и другите народи, а вашиот небесен Татко знае дека сето ова ви е потребно. |
33. | Туку, барајте го најпрвин Божјото царство и Неговата праведност, а сето друго ќе ви се додаде. |
34. | И така, не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. На секој ден доволно му е неговото зло." |
← Matthew (6/28) → |