← Matthew (3/28) → |
1. | Bо тие денови дојде Јован Крстителот и проповедаше во јудејската пустина, велејќи: |
2. | "Покајте се, бидејќи наближи небесното царство!" |
3. | Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: "Гласот на оној кој вика во пустината: 'Подгответе го патот на Господ, исправете ги Неговите врвици!'" |
4. | А самиот Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу половината, а се хранеше со скакулци и див мед. |
5. | Тогаш доаѓаа кај него од Ерусалим, од цела Јудеја и од сета јорданска околина. |
6. | Тој ги крштаваше во реката Јордан, откако ги исповедуваа своите гревови. |
7. | Кога виде многу фарисеи и садукеи дека доаѓаат да ги крсти, им рече: "Змиска породо, кој те предупреди да бегаш од гневот што доаѓа? |
8. | Принесувајте плодови достојни на покајание, |
9. | и не мислете да речете во себеси: 'Авраам е наш татко', зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраам. |
10. | Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла в оган. |
11. | Јас ве крштавам со вода, за покајание, но Оној Кој доаѓа по мене, посилен е од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам сандалите. Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и оган. |
12. | Лопатата е во Неговата рака, и ќе го исчисти Своето гумно, ќе го собере Своето жито во амбарот, а плевата ќе ја запали со неизгаслив оган." |
13. | Тогаш Исус пристигна од Галилеја, крај реката Јордан, кај Јован, за да биде крстен од него. |
14. | А Јован го одвраќаше, велејќи Му: "Јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти доаѓаш кај мене?" |
15. | Исус му одговори: "Дозволи го сега ова, зашто вака треба да ја исполниме сета праведност." Тогаш тој Му дозволи. |
16. | А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата се отворија и го виде како Божјиот Дух слегува како гулаб и се спушта над Него. |
17. | И ете, глас од небесата говореше: "Овој е Мојот мил Син, Кој е по Мојата волја!" |
← Matthew (3/28) → |