← Matthew (25/28) → |
1. | "Тогаш Небесното царство ќе биде како десетте девици кои ги зедоа своите светилки и тргнаа да го пречекаат младоженецот. |
2. | Пет од нив беа неразумни, а пет мудри. |
3. | Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; |
4. | а мудрите зедоа масло во садови, заедно со своите светилки. |
5. | Бидејќи младоженецот се забави, сите ги фати дремка и заспаа. |
6. | А на полноќ се чу викање: 'Еве го младоженецот, пречекајте го!' |
7. | Тогаш сите девици станаа и ги приготвија своите светилки. |
8. | А неразумните им рекоа на мудрите: 'Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.' |
9. | Но мудрите им одговорија, велејќи им: 'Да не биде малку и за нас и за вас, појдете кај трговците и купете си!' |
10. | Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и подготвените влегоа со него на свадбата, а вратата се затвори. |
11. | Потоа дојдоа и другите девици и рекоа: 'Господару, Господару, отвори ни!' |
12. | Но тој им одговори, велејќи им: 'Bистина ви велам - не ве познавам!' |
13. | А сега, бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!" |
14. | "Тоа е како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика своите слуги и им го предаде својот имот, |
15. | и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според неговата способност, и отпатува. |
16. | Оној што ги прими петте таланти, веднаш замина и тргуваше со нив та спечали други пет. |
17. | Исто така, и оној со двата таланта, спечали други два. |
18. | А оној кој прими еден, отиде, ископа дупка во земјата и го скри среброто на својот господар. |
19. | По долго време, дојде господарот на слугите и сакаше да си ја види сметката со нив. |
20. | Така, кога пристапи оној кој прими пет таланти, донесе други пет таланти и рече: 'Господару, ми даде пет таланти, а еве, јас спечалив и други пет.' |
21. | Тогаш неговиот господар му рече: 'Арно сторено, добар и верен слуго! Над малку беше верен, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!' |
22. | А кога пристапи оној кој прими два таланта, рече: 'Господару, ми даде два таланта, а еве, јас спечалив други два.' |
23. | Тогаш неговиот господар му рече: 'Арно сторено, добар и верен слуго! Над малку беше верен, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!' |
24. | А кога пристапи оној, кој прими еден талант, рече: 'Господару, знаев дека си строг човек, жнееш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел; |
25. | се исплашив, па отидов и го скрив твојот талант вземи. Еве, ти го твоето!' |
26. | А неговиот господар одговори, велејќи му: 'Зол и мрзлив слуго, знаеше дека жнеам, каде што не сум сеел и дека собирам каде што не сум веел; |
27. | затоа требаше да им го дадеш моето сребро на менувачите и јас, по враќањето, ќе го земев моето со добивка. |
28. | Затоа, одземете му го талантот и дајте му го на оној кој има десет таланти! |
29. | Зашто секому кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној кој нема, ќе му се одземе и она што го има. |
30. | А безвредниот слуга фрлете го во крајната темнина, каде што ќе има лелек и чкртање со заби.'" |
31. | "Кога Синот Човеков ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата; |
32. | и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одлачува овците од козите. |
33. | И ќе ги постави овците од својата десна страна, а козите од левата. |
34. | Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: 'Дојдете, благословени од Мојот Татко, наследете го Царството кое ви е подготвено уште од создавањето на светот! |
35. | Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев туѓинец и Ме примивте; |
36. | бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во зандана и дојдовте кај Мене.' |
37. | Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: 'Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме? |
38. | Кога Те видовме како туѓинец и Те примивме? Или гол и Те облековме? |
39. | Кога те видовме болен или в зандана и дојдовме кај Тебе?' |
40. | А Царот ќе им одговори:'Bистина ви велам, доколку му направивте така на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.' |
41. | Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: 'Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели! |
42. | Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам, |
43. | бев туѓинец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и в зандана и не Ме посетивте.' |
44. | Тогаш тие ќе одговорат, велејќи: 'Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како туѓинец, или гол, или болен или в зандана, и не Те послуживме?' |
45. | Тогаш ќе им одговори: 'Bистина ви велам, доколку не сте му направиле така на еден од овие најмаливе, ни Мене не сте Ми направиле!' |
46. | И овие ќе отидат во вечна казна, а праведниците во вечен живот.'" |
← Matthew (25/28) → |