← Matthew (2/28) → |
1. | А кога Исус се роди во Bитлеем, во Јудеја, во деновите на царот Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, |
2. | и рекоа: "Каде е Тој кој се родил како Цар на Евреите? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме." |
3. | Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него. |
4. | И ги собра сите првосвештеници и закониците од народот, па ги распрашуваше каде треба да се роди Христос. |
5. | А тие му рекоа: "Bо Bитлеем, во Јудеја, зашто така е напишано од пророкот: |
6. | 'И ти, Bитлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу првенците Јудини, зашто од тебе ќе излезе Bладетел, Кој ќе го води Мојот народ Израел.'" |
7. | Тогаш Ирод ги повика тајно мудреците и внимателно го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата, |
8. | и испраќајќи ги во Bитлеем им рече: "Отидете и распрашајте се точно за Детето, а кога ќе Го најдете, јавете ми за да дојдам и јас да Му се поклонам." |
9. | Откако го ислушаа царот, тие тргнаа, и ете, ѕвездата што ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде што се наоѓаше Детето. |
10. | И кога ја видоа ѕвездата, многу се зарадуваа. |
11. | Кога влегоа во куќата, го видоа Детето со мајка Му Марија, паднаа ничкум и Му оддадоа чест; ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна. |
12. | И откако насон беа предупредени од Бог, да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа кон својата земја. |
13. | А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосиф насон и му рече: "Стани, земи Го Детето и мајка Му, бегај во Египет, и остани таму додека не ти јавам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби." |
14. | И тој стана, ги зеде ноќе Детето и мајка Му, и замина за Египет. |
15. | Таму беше сè до Иродовата смрт, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот кој вели: "Од Египет Го повикав Својот Син." |
16. | Тогаш Ирод, кога виде дека е измамен од мудреците, се разгневи многу, па нареди и ги закла, во Bитлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што точно го дозна од мудреците. |
17. | Така се исполни реченото од пророкот Јеремија кој рече: |
18. | "Пискотници се слушаат во Рама, лелек и голема тага; Рахела ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема веќе." |
19. | А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосиф насон, во Египет, |
20. | и му рече: "Стани, земи Го Детето и мајка Му и оди во земјата израелска, зашто умреа оние кои ја бараа душата на Детето." |
21. | И тој стана, го зеде Детето и мајка Му, и дојде во земјата израелска. |
22. | Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај, наместо татко му Ирод, се уплаши да отиде таму; та предупреден насон, замина во галилејските предели; |
23. | и откако дојде, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците: 'Ќе се вика Назареќанец'. |
← Matthew (2/28) → |