← Matthew (18/28) → |
1. | Bо тој час учениците дојдоа кај Исус и го прашаа: "Кој е, всушност, најголем во небесното царство?" |
2. | А Тој викна едно дете кај Себе, го постави сред нив |
3. | и рече: "Bистина ви велам, ако не се преобратите и станете како деца, нема да влезете во небесното царство. |
4. | И затоа, секој што ќе се понизи себеси како ова дете, ќе биде поголем во небесното царство. |
5. | И секој кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима." |
6. | "А кој ќе наведе на грев едно од овие мали кои веруваат во Мене, за него поарно е да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина. |
7. | Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно е соблазните да дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого ќе дојдат соблазните! |
8. | Ако твојата рака или твојата нога те наведува на грев, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот осакатен и куц, отколку имајќи две раце или две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган. |
9. | И ако те наведува на грев твоето око, извади го и фрли го; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол." |
10. | "Гледајте да не презрете некое од малечкиве; зашто ви велам дека нивните ангели на небесата постојано Го гледаат лицето на Мојот Татко, Кој е на небесата. |
11. | Зашто Синот Човеков дојде да го спаси она што е изгубено. |
12. | Што мислите? Ако некој човек има сто овци и едната од нив скитне, не ќе ги остави ли деведесет и деветте во планините и не ќе ли ја бара заскитаната? |
13. | И ако се случи да ја најде, вистина ви велам дека ќе и се радува повеќе отколку на деведесет и деветте што не скитнале. |
14. | Па така, не е волјата на вашиот Татко Кој е на небесата да загине ни едно од малечкиве." |
15. | „Ако ти згреши брат ти, појди и искарај го насамо. Ако те послуша, си го придобил брата си. |
16. | Ако пак не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па од устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор. |
17. | А ако не ги послуша нив, кажи и на црквата; па ако не ја послуша и црквата, нека ти биде како неверник и како даночник. |
18. | Bистина ви велам, сè што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано на небото и сè што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано на небото. |
19. | Пак, ви велам: ако двајца од вас сложно побараат што-годе на земјата, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е на небесата. |
20. | Зашто каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму Сум и Јас меѓу нив." |
21. | Тогаш Петар пристапи и Му рече: "Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? Дали до седумпати?" |
22. | Исус му рече: "Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет пати по седум." |
23. | Затоа небесното царство прилега на некојси цар, кој сакал да си ги расчисти сметките со своите слуги, |
24. | а кога почна да ги расчистува, кај него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти. |
25. | И бидејќи немаше како да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да наплати. |
26. | Тогаш слугата клекна и му се поклонуваше, велејќи: 'Господару, имај трпение спрема мене и сè ќе ти исплатам.' |
27. | И поттикнат од сожаление, господарот се смилува на слугата, го пушти, и му го прости долгот. |
28. | Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, фати да го дави, велејќи му: 'Bрати ми го долгот.' |
29. | Тогаш сослужителот падна пред неговите нозете и го молеше, велејќи: 'Имај трпение спрема мене, и сè ќе ти исплатам.' |
30. | Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли в зандана, додека не му го исплати долгот. |
31. | А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија и отидоа та му кажаа на својот господар сè што се случи. |
32. | Тогаш господарот го повика и му рече: 'Пакосен слуго! Ти го простив сиот долг, зашто ме преколнуваше. |
33. | Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилував тебе?" |
34. | И неговиот господар се разгневи и им го предаде на мачителите, сè додека не му исплати сè што му должеше. |
35. | Така и Мојот небесен Татко ќе ви стори вам, ако секој од вас не му прости од срце на својот брат." |
← Matthew (18/28) → |