← Matthew (12/28) → |
1. | Bо тоа време, Исус минуваше низ посевите во саботен ден; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат. |
2. | А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: "Гледај, Твоите ученици го прават она што не е дозволено да се прави во саботен ден." |
3. | А Тој им рече: "Зар не сте читале што стори Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него? |
4. | Како влезе во Божјиот дом и го изеде изложениот леб, што не смееја да го јадат ни тој, ни неговите другари, туку само свештениците? |
5. | Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во саботните денови во Храмот ја осквернуваат саботата и не се виновни? |
6. | Но Јас ви велам дека еден Поголем од Храмот е тука. |
7. | Ако знаевте што значи: 'Милост сакам, а не жртва', немаше да ги осудите невините, |
8. | зашто Синот Човеков е Господар на саботниот ден." |
9. | А кога си замина оттаму, дојде во нивната синагога. |
10. | И ете, таму имаше еден човек со исушена рака и, за да Го обвинат, го прашаа велејќи му: "Дозволено ли е да се исцелува во саботен ден?" |
11. | А Тој им рече: "Кој од вас, ако има една овца, и таа падне во саботен ден во јама, не ќе ја фати и извади? |
12. | А колку поскап е човекот од овцата. Затоа, дозволено е да се прави добро во саботен ден." |
13. | Тогаш му рече на човекот: "Протегни ја раката!" Тој ја протегна и таа стана здрава како и другата. |
14. | А фарисеите излегоа надвор и се советуваа против Него како да Го погубат. |
15. | Но знаејќи го тоа, Исус си замина оттаму; а мнозина Го следеа и ги исцели сите, |
16. | но ги предупреди да не разгласуваат за Него, |
17. | за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој рече: |
18. | "Еве Го Мојот слуга, Кого Го избрав; Мојот возљубен, во Кого мојата душа е задоволна. Ќе Го положам Мојот Дух на Него, а Тој ќе им објави суд на народите. |
19. | Нема да се препира, ниту ќе вика, ниту некој ќе го чуе Неговиот глас по улиците. |
20. | Нема да докрши поткршена трска, ниту ќе угасне фитил што тлее, додека не го изведе судот до победа. |
21. | А народите ќе се надеваат во Неговото име." |
22. | Тогаш доведоа кај Него еден опседнат од демон, кој беше слеп и нем, а Тој го исцели, така што немиот прозборува и прогледа. |
23. | И сиот насобран народ се восхитуваше и зборуваше: "Зар не е Овој Синот Давидов?" |
24. | А фарисеите, кога го слушнаа тоа, рекоа: "Овој ги изгонува демоните само преку Белзебуб, принцот на демоните." |
25. | Знаејќи ги нивните мисли, Исус им рече: "Секое царство, поделено во себеси, запустува, и секој град или дом, кој е поделен во себеси, нема да опстане. |
26. | И ако сатаната изгонува сатана, тој се поделил во себеси, и како ќе опстане неговото царство? |
27. | И ако Јас ги изгонувам демоните преку Белзебуб, тогаш преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии; |
28. | но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Божјиот Дух, тогаш Божјото царство дошло врз вас. |
29. | Или, како може некој да влезе во куќата на силен човек и да му ја обере покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па тогаш да му ја ограби куќата? |
30. | Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, растура. |
31. | Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се простат на луѓето, но хулата против Духот нема да биде простена. |
32. | И ако некој рече збор против Синот Човеков, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту сега, ниту во иднина." |
33. | "Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. |
34. | Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата. |
35. | Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта. |
36. | И ви велам дека за секој празен збор што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; |
37. | зашто по вашите зборови ќе бидете оправдани, и по вашите зборови ќе бидете осудени." |
38. | Тогаш некои од закониците и фарисеите Му одговорија, велејќи: "Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе." |
39. | А Тој им одговори, велејќи: "Злото и прељубничкото поколение бара знак, но нема да му се даде никаков знак, освен знакот на пророкот Јона. |
40. | Зашто, како што Јона беше во утробата на големата риба три дни и три ноќи, така и Синот Човеков ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. |
41. | Ниневјаните ќе се дигнат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа од проповедта на Јона, а еве, тука е еден поголем од Јона. |
42. | Царицата на југот ќе се крене на суд со ова поколение и ќе го осуди, зашто таа дојде од далеку, за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, тука е еден поголем од Соломон." |
43. | Кога нечистиот дух излегува од човек, минува низ безводни места барајќи одмор, ама не го наоѓа. |
44. | Тогаш вели: 'Ќе се вратам во својот дом од каде што излегов.' И кога ќе дојде, го наоѓа празен, изметен и суреден. |
45. | Тогаш оди и зема со себе седум други духови, полоши од себе и тие влегуваат и живеат таму, а последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со ова зло поколение." |
46. | Додека Тој сè уште му зборуваше на народот, ете, мајка Му и Неговите браќа стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него. |
47. | А некој Му рече: "Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе. |
48. | А Тој во одговор му рече на оној кој му го кажа тоа: "Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?" |
49. | И ја протегна раката кон Своите ученици и рече: "Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, оној што ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е на небесата, тој Ми е брат и сестра и мајка." |
← Matthew (12/28) → |