← Matthew (11/28) → |
1. | А кога Исус заврши со поучувањето на Своите дванаесет ученици, замина оттаму да поучува и да проповеда во нивните градови. |
2. | Кога Јован чу во занданата за делата на Христос, испрати двајца од своите ученици, |
3. | да Го прашаат: "Ти ли си Оној Кој треба да дојде или да очекуваме друг?" |
4. | Исус им одговори, велејќи: "Одете и јавете му на Јован за она што го слушате и гледате: |
5. | слепи прогледуваат и сакати одат, лепрозни се исчистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат, и на сиромашните им се проповеда Евангелието. |
6. | Блажен е оној кој не се соблазнува заради Мене." |
7. | Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јован: "Што излеговте да видите во пустината? Трска што ветрот ја лулее? |
8. | Што излеговте да видите? Човек облечен во мека облека? Ете, тие што носат меки облеки се во царските дворци. |
9. | Па зошто излеговте? Пророк ли да видите? Да, ви велам, и повеќе од пророк. |
10. | Овој е оној за кого е пишано: 'Еве, го праќам Мојот гласник пред Твоето лице, кој ќе го подготви Твојот пат пред Тебе.' |
11. | Bистина ви велам, меѓу родените од жена не се издигнал поголем од Јован Крстителот; но, најмалиот во небесното царство е поголем од него. |
12. | А од дните на Јован Крстителот досега небесното царство трпи насилство и насилниците го отимаат насила; |
13. | зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јован; |
14. | и ако сакате да прифатите, тој е Илија кој требаше да дојде. |
15. | Кој има уши нека чуе! |
16. | А со што да го споредам ова поколение? Прилега на деца кои седат по пазарите и им довикуваат на другарите, |
17. | велејќи:'Bи свиревме на свирка и не игравте, ви пеевме таговни песни и не тагувавте.' |
18. | Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: 'Има демон!' |
19. | Дојде Синот Човеков, кој јаде и пие, па велат: 'Еве, човек лаком и пијаница, пријател на даночниците и на грешниците!' Сепак мудроста се оправда преку своите дела." |
20. | Тогаш почна да ги прекорува градовите, во кои се случија најмногу Негови моќни дела, бидејќи не се покајаа. |
21. | "Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Бетсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случеа моќните дела, што се случија кај вас, одамна би се покајале во струнени вреќи и пепел. |
22. | Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам. |
23. | А ти, Капернауме, кој се воздигна до небото, ќе слезеш до Адот. Зашто ако во Содом се случеа моќните дела што се случија во тебе, ќе останеше до ден денешен. |
24. | Но ви велам, на земјата Содомска ќе и биде полесно на судниот ден, отколку тебе." |
25. | Тогаш Исус продолжи, велејќи: "Ти благодарам, Татко, Господар на небото и на земјата, зашто го скри тоа од мудрите и разумните, а им го откри на простодушните. |
26. | Да, Татко, зашто така Тебе ти годеше. |
27. | Сè Ми е предадено од Мојот Татко, и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, и оној кому Синот сака да му открие. |
28. | Дојдете кај Мене сите што сте онемоштени и обременети, а Јас ќе ви дадам починка. |
29. | Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; а вие ќе најдете починка за своите души, |
30. | зашто Мојот јарем е поднослив и Мојот товар е лесен." |
← Matthew (11/28) → |