← Matthew (10/28) → |
1. | Ги повика Своите дванаесет ученици кај Себе и им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да исцелуваат секаква болест и секаква немош. |
2. | А ова се имињата на дванаесетте апостоли: првиот Симон, наречен Петар и неговиот брат Андреј, па Јаков, синот на Зебедеј и брат му Јован, |
3. | Вилип и Бартоломеј, Тома и Матеј даночникот, Јаков синот на Алфеј и Тадеј, |
4. | Симон Кананеецот и Јуда Искариот, кој и Го предаде. |
5. | Исус ги испрати овие дванаесетмина и им наложи, велејќи им: "Не одете кај неевреите, и не влегувајте во самаријански град; |
6. | туку, подобро одете кај изгубените овци на израеловиот дом. |
7. | И додека одите проповедајте дека се приближи небесното царство. |
8. | Исцелувајте болни, воскреснувајте мртви, исчистувајте лепрозни, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте. |
9. | Не носете ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси; |
10. | ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата издршка. |
11. | А кога ќе влезете во кој и да било град или село, распрашајте кој е достоен во него и останете таму додека не заминете оттаму. |
12. | Кога ќе влезете во домот, поздравете го. |
13. | И ако навистина куќата е достојна, вашиот мир нека се спушти на неа, а ако не е достојна, вашиот мир нека ви се врати вам. |
14. | И ако некој не ве прими, ниту ги послуша вашите зборови, кога ќе излегувате од таа куќа или град, истресете го правот од вашите нозе. |
15. | Bистина ви велам, полесно ќе им биде на Содом и Гомора во судниот ден, отколку на тој град." |
16. | "Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби. |
17. | Чувајте се од луѓето, зашто ќе ве предаваат на судовите и ќе ве камшикуваат во нивните синагоги. |
18. | Ќе бидете изведувани пред управители и цареви, заради Мене, за сведоштво на нив и на народите. |
19. | А кога ќе ве предаваат, не грижете се како или што ќе зборувате, бидејќи во оној час ќе ви биде дадено што треба да кажете; |
20. | зашто не сте вие тие кои зборувате, туку Духот на вашиот Татко, Кој зборува во вас. |
21. | И брат ќе предава брата на смрт, и татко - детето, и децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат. |
22. | И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој ќе истрае докрај, ќе биде спасен. |
23. | Кога ќе ве прогонуваат во тој град, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да поминете низ сите израелски градови додека не дојде Синот Човеков." |
24. | "Ученикот не е над учителот, ниту робот над својот господар. |
25. | Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на робот како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Белзебул, колку повеќе неговите домашни?" |
26. | "Затоа, не плашете се од нив, зашто нема ништо покриено што не ќе се открие, ниту скриено што не ќе се дознае. |
27. | Она што ви го говорам во темнина, кажете го во светлина; и она што ќе го чуете на уво, разгласете го од покривите. |
28. | И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот. |
29. | Не се продаваат ли две врапчиња за една пара? Сепак ниедно од нив не паѓа на земјата без вашиот Татко. |
30. | А вам ви се изброени дури и влакната на главата. |
31. | И така, не плашете се. Bие сте поскапи од многу врапчиња." |
32. | "И така, секој кој Ме признава Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Татко, Кој е на небесата. |
33. | А кој ќе се откаже од Мене пред луѓето, и Јас ќе се откажам од него пред Мојот Татко, Кој е на небесата." |
34. | "Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, туку меч. |
35. | Зашто дојдов да донесам непријателство меѓу човекот и неговиот татко, ќерката и нејзината мајка, снаата и нејзината свекрва, |
36. | а непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни. |
37. | Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; |
38. | и кој не го зема својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене. |
39. | Кој ќе ја најде својата душа, ќе ја загуби; и кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде." |
40. | "Кој ве прима вас, Ме прима Мене, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној Кој Ме прати. |
41. | Кој прима пророк во име на пророк, ќе прими пророчка награда; и кој прима праведник во име на праведник, ќе прими праведничка награда. |
42. | Кој ќе напои еден од овие малечкиве само со чаша студена вода, во име на ученик, вистина ви велам, никако нема да ја загуби својата награда." |
← Matthew (10/28) → |