← Mark (9/16) → |
1. | И им рече: "Bистина ви велам - има некои меѓу вас, кои стојат тука, а кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото царство како стапува во сила." |
2. | И по шест дни, Исус ги зеде Петар, Јаков и Јован и со Себе ги поведе само нив на една висока гора, насамо, и се преобрази пред нив; |
3. | неговата облека стана блескава и многу бела, како што ниедно белило на земјата не може да ја избели. |
4. | И им се јави Илија со Мојсеј, па разговараа со Исус. |
5. | А Петар проговори и Му рече на Исус: "Раби, добро е да сме тука. Да направиме три сеници: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија." |
6. | Bсушност, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени. |
7. | И наиде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: "Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го!" |
8. | И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа крај себе, освен Исус. |
9. | А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажуваат што видоа, додека Синот Човеков не воскресне од мртвите." |
10. | И тие го држеа цврсто тој збор, меѓусебно расправајќи: што значи - воскреснување од мртвите? |
11. | И Го прашаа: "Зошто закониците велат дека најпрвин треба да дојде Илија?" |
12. | А Тој им рече: "Прво ќе дојде Илија, и сè ќе воспостави. А како што е напишано за Синот Човеков: Тој треба многу да претрпи и да биде презрен? |
13. | Но, Јас ви велам дека Илија дојде, и дека постапија со него како што сакаа, како што е напишано за него." |
14. | И кога дојдоа кај Исусовите ученици, видоа едночудо луѓе околу нив, и законици кои се препираа со нив. |
15. | Штом целиот народ Го здогледа, се вчудовиде, а луѓето се стрчаа и Го поздравуваа. |
16. | А Тој ги праша: "За што се препирате со нив?" |
17. | А еден од народот му одговори: "Учителе, Ти го доведов својот син, во кого има дух кој го онемува; |
18. | и кога го фаќа, го кутнува, му тече пена на уста, чкрта со забите и се вкочанува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа." |
19. | А Тој одговори, велејќи: "О неверно поколение, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!" |
20. | И Му го доведоа. А штом духот Го виде Него, веднаш го стресе момчето и тоа падна наземи, тркалајќи се со пена на устата. |
21. | Тогаш го праша татка му: "Колку време има откако му се случува ова?" А тој рече: "Од детството, |
22. | а често го фрла во оган и во вода, за да го погуби. Но, ако можеш нешто да сториш, смилувај ни се и помогни ни!" |
23. | Исус пак му рече: "Ако можеш! Сè е можно за оној што верува!" |
24. | Таткото на момчето веднаш извика, велејќи: "Bерувам! Помогни му на моето неверие!" |
25. | А Исус, штом виде дека се собира народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: "Духу, кој предизвикуваш немост и глувост, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!" |
26. | И откако извика, силно го стресе детето и тој излезе. А тоа беше небаре мртво, така што мнозина велеа дека умрело. |
27. | Исус, пак, го фати за рака, го поткрена и тоа стана. |
28. | А кога дојде во куќата, Неговите ученици Го прашаа насамо: "Зошто ние не можевме да го истераме?" |
29. | Тој им одговори: "Оваа порода со ништо не може да се истера, освен со молитва." |
30. | Кога заминаа оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше никој да дознае за тоа; |
31. | имено, Тој ги поучуваше Своите ученици, велејќи: "Синот Човеков ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. |
32. | Но тие не ја разбраа таа изјава, а се плашеа да Го прашаат." |
33. | И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, Тој ги праша: "За што се расправавте по пат?" |
34. | А тие молчеа, зашто по пат се расправаа меѓусебно за тоа кој е најголем. |
35. | Тој, пак, седна, ги повика дванаесеттемина и им рече: "Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!" |
36. | Тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: |
37. | "Кој прима едно вакво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испрати." |
38. | Јован Му рече: "Учителе, видовме еден кој во Твое име изгонуваше демони, а не нè следи, та му забранивме, зашто не оди по нас." |
39. | А Исус рече: "Не бранете му! Зашто нема никој кој би правел чудо во Мое име, а да може веднаш потоа лошо да зборува за Мене. |
40. | Оти, оној кој не е против нас, тој е со нас. |
41. | И кој ќе ви даде чаша студена вода во Мое име, бидејќи сте Христови, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда." |
42. | А кој ќе наведе на грев едно од овие малечкиве кои веруваат во Мене, за него подобро ќе биде да му обесат на вратот воденички камен и да го фрлат в море. |
43. | И ако твојата рака те наведува на грев, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неугаслив оган, |
44. | каде што нивниот црв не умира, и огнот не згаснува. |
45. | Ако твојата нога те наведува на грев, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот сакат, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, |
46. | каде што нивниот црв не умира, и огнот не згаснува. |
47. | И ако и твоето око те наведува на грев, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот, |
48. | каде што нивниот црв не умира, и огнот не згаснува. |
49. | Зашто секој ќе биде посолен со оган. |
50. | Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја осолите? Имајте сол во себе и имајте мир меѓу себе." |
← Mark (9/16) → |