← Mark (8/16) → |
1. | Bо тие дни, кога пак се собраа едночудо луѓе и немаа што да јадат, ги повика Своите ученици и им рече: |
2. | "Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дни постојано се со Мене а нема што да јадат. |
3. | Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку." |
4. | А учениците Му одговорија: "Како може некој да ги нахрани со леб во оваа пустина?" |
5. | А Тој ги праша: "Колку леба имате?" Тие рекоа: "Седум". |
6. | Тогаш им заповеда на луѓето да испоседнат наземи. И ги зеде седумте леба, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги делат, а тие им ги раздадоа на луѓето. |
7. | Имаа и малку риби. И откако ги благослови, заповеда да ги поделат и нив. |
8. | И јадеа до наситка, и дигнаа седум кошеви со преостанати парчиња. |
9. | А беа околу четири илјади; и Тој ги распушти. |
10. | И веднаш влезе во коработ со учениците, и дојде во околината на Далманута. |
11. | Варисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, барајќи од Него знак од небото за да Го искушаат. |
12. | А Тој воздивна длабоко во духот и рече: "Зошто ова поколение бара знак? Bистина ви велам, на ова поколение нема да му се даде знак." |
13. | И ги остави, повторно влезе во коработ и премина на другата страна. |
14. | И заборавија да земат леб, а имаа само еден леб со себе во коработ. |
15. | Тогаш Тој им заповеда, велејќи им: "Bнимавајте! Чувајте се од фарисејскиот и од Иродовиот квасец!" |
16. | Тие пак размислуваа меѓу себе: "Па ние немаме леб!" |
17. | А Исус кога го разбра тоа, им рече: "Зошто мислите дека немате леб? Уште ли не разбирате и не сфаќате? Закоравено ли е вашето срце? |
18. | Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате? И не си спомнувате ли, |
19. | кога ги раскршив петте леба на пет илјади, колку кошеви полни со парчиња кренавте?" Му рекоа: "Дванаесет." |
20. | "Кога раскршив седум леба на четири илјади, колку кошеви полни со парчиња кренавте?" Рекоа: "Седум". |
21. | И им рече; "Уште ли не разбирате?" |
22. | И дојдоа во Бетсаида, па Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре. |
23. | Тој го фати слепиот за рака, го изведе надвор од селото и откако му плукна во очите, ги положи рацете на него и го праша: "Гледаш ли нешто?" |
24. | Тој ги поткрена очите и рече: "Гледам луѓе, небаре се дрвја што одат." |
25. | Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и тој прогледа и оздраве, и гледаше сè јасно. |
26. | И го испрати во неговиот дом, велејќи му: "Не навраќај во селото, и никому не кажувај му!" |
27. | Излезе Исус со Своите ученици по селата на Цезареја Вилипова; а по пат ги прашуваше, велејќи им: "Што велат луѓето, кој сум Јас?" |
28. | Тие Му рекоа: "Јован Крстителот, други велат Илија, а трети - дека си еден од пророците." |
29. | Но Тој ги праша: "А вие, за кого Ме сметате?" Петар Му одговори и рече: "Ти си Христос". |
30. | И им забрани никому да не зборуваат за Него. |
31. | И почна да ги поучува дека Синот Човеков треба многу да страда и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и закониците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. |
32. | И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го повлече настрана и почна да Го прекорува. |
33. | Но Тој се заврте и откако ги погледна Своите ученици, го прекори Петар и рече: "Бегај зад Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко." |
34. | И го повика народот, заедно со Своите ученици, и им рече: "Оној што сака да тргне по Мене, нека се откаже од себеси и нека го земе својот крст, па нека оди по Мене. |
35. | Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби, а оној што ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. |
36. | Зашто, каква полза има човекот, ако го добие целиот свет, а и напакости на својата душа! |
37. | И што може човекот да даде во замена за својата душа? |
38. | Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во ова прељубничко и грешно поколение, и Синот Човеков ќе се засрами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, заедно со светите ангели. " |
← Mark (8/16) → |