← Mark (7/16) → |
1. | Околу Него се собраа фарисеите и некои од закониците, кои беа дошле од Ерусалим, |
2. | и видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно неизмиени раце. |
3. | (Зашто фарисеите и сите Евреи, држејќи се до традицијата на старите, не јадат ако не ги измијат рацете до лакти; |
4. | и кога ќе се вратат од пазар, не јадат ако не се измијат. А има уште многу нешта што ги прифатиле и ги зачувале: миење на чаши, стомни и бакарни садови.) |
5. | И така, фарисеите и закониците Го прашаа: "Зошто Твоите ученици не живеат според традицијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?" |
6. | А Тој им рече: "Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е запишано: 'Овој народ со уста Ме почитува, а неговото срце е далеку од Мене; |
7. | залудно Ме почитува, кога проповеда учења кои всушност се човечки заповеди.' |
8. | Bие ја оставате Божјата заповед, а се држите за човечката традиција. |
9. | На убав начин ја укинувате" - продолжи Тој - "Божјата заповед, за да ја зачувате вашата традиција! |
10. | Имено, Мојсеј рече: 'Почитувај ги татка си и мајка си!' и 'Кој ќе го навреди таткото и мајката, да биде казнет со смрт!' |
11. | А вие велите: 'Ако некој им рече на својот татко или на својата мајка: 'Тоа со што требаше да ти помогнам го дадов курбан (жртва, наменета за Бог),' |
12. | веќе не го оставате да направи ништо за својот татко и за својата мајка. |
13. | И така правите престап спрема Божјото слово со својата традиција, која вие ја воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова." |
14. | Откако повторно го повика народот кај Себе, му рече: "Слушајте ме сите и разберете! |
15. | Нема ништо однадвор што би можело да го направи човекот нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. |
16. | Кој има уши, нека слуша!" |
17. | Кога се оддалечи од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за смислата на споредбата. |
18. | Тој им рече: "Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо што влегува однадвор во него, не може да го направи човекот нечист, |
19. | зашто не влегува во неговото срце, туку во желудникот и излегува од него?" (Така Тој ја прогласи сета храна за чиста.) |
20. | Исто така им велеше: "Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, |
21. | зашто од внатрешноста, од човековото срце, излегуваат зли мисли, блудства, кражби, убиства, |
22. | прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, гордост, безумност. |
23. | Сите тие зла излегуваат однатре и го прават човекот нечист." |
24. | Оттаму Тој стана и отиде во областа Тир и Сидон. Bлезе во една куќа, а сакаше никој да не дознае. Но не можеше да остане незабележан. |
25. | Кога пак чу за него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, дојде и падна пред Неговите нозе. |
26. | А таа жена беше Гркинка, родум сирофеничанка. И Го молеше да го истера демонот од ќерка и . |
27. | А Тој и рече: "Остави ги прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата." |
28. | Таа пак одговори: "Добро, Господи! Но и кучињата под трпезата јадат од трошките на децата." |
29. | И Тој и рече: "Заради тој збор, оди си, демонот излезе од ќерка ти." |
30. | И кога се врати дома го најде девојчето како лежи на постелата, а демонот беше излегол. |
31. | И кога излезе пак од пределите на Тир, дојде, преку Сидон, до Галилејското Море, сред пределите на Декапол. |
32. | Ете Му доведоа човек глув, кој тешко зборуваше и Го молеа да положи рака врз него. |
33. | И го оттргна насамо од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши, и откако плукна, го допре неговиот јазик, |
34. | погледна кон небото, воздивна и му рече: "Ефата!" - што значи: "Отвори се!" |
35. | И веднаш му се отворија ушите и му се разврза врвцата на неговиот јазик, и правилно зборуваше. |
36. | И им се закани никому да не кажуваат. Но колку што повеќе Тој им заповедуваше, толку повеќе тие разгласуваа. |
37. | И прекумерно се чудеа и велеа: "Само добрини чини! И глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!" |
← Mark (7/16) → |