← Mark (4/16) → |
1. | И пак почна да поучува крај морето. И околу Него се насобра многу народ, а Тој влезе во кораб и се најде во морето, а целиот вриеж беше на копното, крај морето. |
2. | А Тој со споредби ги поучуваше за многу работи и им рече во Својата поука: |
3. | "Слушајте! Ете, излезе сејач да сее. |
4. | И кога сееше, едно семе падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа. |
5. | Друго падна на каменлива почва, каде немаше многу земја; и никна брзо, зашто почвата не беше длабока. |
6. | А кога сонцето изгреа, овена и бидејќи немаше корен, се исуши. |
7. | И друго падна во трње, и трњето израсна и го задуши, па не донесе плод. |
8. | А друго падна на добра земја и донесе плод, кој напредуваше и растеше, и принесе: едно триесет, друго шеесет, а трето сто." |
9. | И рече: "Кој има уши да слуша, нека чуе! " |
10. | И штом остана Сам, оние кои беа околу Него, заедно со дванаесеттемина, Го прашаа за споредбата. |
11. | И им рече: "Bам ви е дадена тајната на Божјото царство, а оние кои се надвор добиваат сè во споредби, |
12. | па ' гледајќи да гледаат, а да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, да не се покајат и простено да им биде'!" |
13. | И им рече: "Не ја разбирате ли оваа споредба? Па како ќе ги разберете сите споредби! |
14. | Сејачот го сее словото. |
15. | Тие, покрај патот, каде се сее словото, се оние кај кои, кога ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и го грабнува словото посеано во нив. |
16. | Слично е и со посеаните врз каменлива почва, кои, штом го чујат словото, го примаат со радост, |
17. | но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде невола или гонење заради словото, веднаш отпаѓаат. |
18. | А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото, |
19. | но световните грижи, измамливоста на богатството, и копнежот по други работи, кога ќе влезат, го задушуваат словото, и тоа останува без плод. |
20. | А посеаните на добра земја се оние кои го слушаат словото, го примаат и донесуваат плод: триесет, шеесет, и стократно. |
21. | И им рече: "Се внесува ли светилка за да се стави под вршник или под легло? Или да се стави на високо? |
22. | Зашто нема скриено, што не ќе биде откриено, или што е тајно, а да не излезе јавно. |
23. | Кој има уши да слуша, нека чуе!" |
24. | И им рече: "Bнимавајте што слушате! Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери, и уште ќе ви се придаде. |
25. | Зашто кој има, ќе му се даде, а кој нема, ќе му се земе и тоа што го има." |
26. | И велеше: "Така, Божјото царство прилега на човек кој фрла семе во земја; |
27. | легнува ноќе и станува дење, а семето никнува и расте, и самиот не знае како. |
28. | Земјата сама од себе донесува плод, најпрвин стебленце, потоа клас и најпосле клас полн со зрна. |
29. | А кога плодот узрее, веднаш праќа срп, зашто дошло времето за жетва." |
30. | И велеше: "Како да го прикажеме Божјото царство? Со каква споредба да го претставиме? |
31. | Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее во земјата, помало е од сите семиња на светот; |
32. | но кога е посеано, израснува и станува поголемо од сите растенија во градината и пушта големи гранки, та небесните птици можат да се гнездат под неговата сенка." |
33. | Со многу такви споредби им го кажуваше словото, сè додека можеа да слушаат. |
34. | А без споредби ништо не им говореше, туку насамо им објаснуваше сè на Своите ученици. |
35. | Bечерта, на истиот ден, им рече на Своите ученици: "Да преминеме на другана страна!" |
36. | И напуштајќи го народот, Го поведоа Исуса со себе, кој беше во коработ; а и други кораби беа со Него. |
37. | Потоа се дигна силна бура, а брановите се префрлуваа преку коработ, па тој веќе тонеше. |
38. | А Тој спиеше кај кормилото на перница. Тие Го разбудија и Му рекоа: "Учителе, зар не Си загрижен што гинеме?" |
39. | И стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: "Стивни! Молкни!" И ветрот стивна и настана длабока тишина. |
40. | Тогаш им рече: "Зошто се плашите толку? Зарем немате вера?" |
41. | И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: "Кој е Овој што и ветрот и морето Му се покоруваат?" |
← Mark (4/16) → |