← Malachi (4/4) |
1. | Зашто, ете, ке настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ке бидат како слама, и ке ги изгори денот оние што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња. |
2. | А за вас, кои се боите од името Мое, ке изгрее сонцето на правдата, и исцеление ке има во зраците негови, и вие ке излезете и ке се разиграте како нахранети теленца; |
3. | и ке ги газите нечестивите, оти тие ке бидат прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, што јас ке го приготвам, вели Господ Саваот. |
4. | Помнете го законот на Мојсеја, слугата Мој, кому му заповедав на Хорив за сиот Израил, како и - правилата и наредбите. |
5. | Ете, Јас ке го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен - големиот и страшниот. |
6. | И тој ке ги обрне срцата на татковците - кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, па кога ке дојдам, за да не ја поразам земјата со проклетство. |
← Malachi (4/4) |