← Malachi (3/4) → |
1. | И ете, Јас ке го испратам ангелот Свој, и тој ке го приготви патот пред Мене, и ненадејно ке дојде во храмот Свој Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Он иде, вели Господ Саваот. |
2. | Но кој ке го издржи денот на Неговото доа ање, и кој ке устои, кога ке се јави Он? Зашто Он е како оган, што растопува, и пепелница што чисти, |
3. | па ке седне Он да претпува и да чисти сребро, и ке ги очисти синовите на Левија и ке ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда. |
4. | Тогаш ке биде пријатна на Господа жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години. |
5. | И ке дојде при вас за суд и ке биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене не се бојат, вели Господ Саваот. |
6. | Оти сум Господ, Јас не се изменувам; затоа вие, синовите на Јакова, не бевте уништени. |
7. | Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги запазивте; обрнете се кон Мене, и Јас ке се обрнам кон вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ке речете, како да се обрнеме?‘ |
8. | Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Kе речете: ‘што крадеме од Тебе? - од десетокот и од приносите.‘ |
9. | Со проклетство сте проколнати, зашто Ме одбирате - вие и сиот народ. |
10. | Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек? |
11. | Заради вас ке им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот. |
12. | И блажени ке ве наречуваат сите народи, оти ке бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.‘ |
13. | Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашувате: - што зборуваме против Тебе? |
14. | Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господа Саваот? |
15. | Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вршат беззаконие, па, иако Го искушуваат Господа, си остануваа незасегнати. |
16. | Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува споменкинига за оние што се бојат од Бога и го почитуваат името Негово. |
17. | И тие ке бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што ке го приготвам, и ке го милувам како што татко го милува синот свој, кој му служи. |
18. | И тогаш повторно ке ја видите разликата ме у праведник и безбожник, ме у оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи. |
← Malachi (3/4) → |