← Malachi (2/4) → |
1. | И така, за вас свештениците е ова заповед: |
2. | ако не послушате и не си ставите на срце, за да Му воздадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ке испратам врз вас проклетство и ке ги проколнам вашите благослови, и веке проколнувам, бидејки вие не сакате ова да го примите на срце. |
3. | И, ете, јас ке ви го одземам трудот, и нечистотојата ке ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ке ве исфрлам заедно со нив. |
4. | И тогаш ке познаете, дека Јас ја дадов таа заповед, за да го запазам заветот Мој со Левија, вели Господ Саваот. |
5. | Заветот Мој со него беше завет за живот и мир, и јас му го дадов за страв, и тој се боеше од мене и од името Мое се плашеше. |
6. | Законот на вистината беше на устата негова, и неправда не се најде на јазикот негов; во мир и правда тој одеше со Мене и многумина отстрани од грев. |
7. | Оти устата на свештенкот треба да разполага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејки тој е гласник на Господа Саваот. |
8. | А вие се отстранивте од овој пат, на многумина им послуживте како соблазан во Законот, го разрушивте заветот на Левија, вели Господ Саваот. |
9. | Затоа Јас ке ве направам презрени и понизени пред сиот народ, оти не ги запазивте патиштата Мои и во Законот гледате кој е кој. |
10. | Зар сите немаме еден и ист Отец? Нели Единиот Бог не создаде? Зошто тогаш вероломно постапуваме еден со друг, нарушувајки го на тој начин заветот на нашите татковци? |
11. | Вероломно постапува Јуда, и одвратност се врши во Израилот и во Ерусалим; Јуда ја оскверни светињата Господова, која требаше да ја сака, а освен тоа и се ожени со керка на ту бог. |
12. | Господ ке го истреби од шаторите на Јакова оној, кој прави така, кој е постојано на стража, кој одговара и принесува жртва на Господа Саваот. |
13. | А го правите и ова - го обливате со солзи жртвеникот Господов, плачејки и воздивнувајки, така што Он веке и не гледа на приносот и не ја прима жртвата за милост од рацете ваши. |
14. | Вие, пак, велите - зошто? Поради тоа што Господ беше сведок ме у тебе и жената од твојата младост, спрема која постапи вероломно, и ако ти е таа твоја помошничка и твоја законска жена. |
15. | Зар не го направи истото и еден друг, во кого имаше силен дух? А што направи тој? Тој сакаше да добие потомство од Бог. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост. |
16. | Ако, пак, ја напуштиш од омраза, вели Господ Бог Израилев, бесчестие ке си навлечеш на облеката свој, така вели Господ Саваот. Затоа пазете го духот свој да не постапувате вероломно. |
17. | Вие го разгневувате Господа со своите зборови, велејки: па со што го лутиме? Со тоа што велите - секој што прави зло, добар е пред очите на Господа и кон Него благоволи, а и каде е Бог, Кој право суди? |
← Malachi (2/4) → |