Malachi (1/4) → |
1. | Пророчко слово од Господа до Израилот преку Малахија. |
2. | Ве засакав, вели Господ. А вие рековте: "Во што си покажал милост кон нас?" Зар Исав не е брат на Јакова, вели Господ, но сепак Јас го засакав Јакова, |
3. | а Исава го замразив и ги предадов планините негови, за да се запустат, и пределите негови - на шакалите пустински. |
4. | Ако Едом рече - ние сме разорени, но ке се подигнеме сами, Господ Саваот вели - тие ке се подигнат, но Јас пак ке ги разурнам, и така ке ги наречат - нечесен крај и народ - на кој се разгневил Господ засекогаш. |
5. | И вие ке го видите тоа, па ке речете: се возвеличи Господ над пределите Израилеви. |
6. | Синот го почитува татка си, а робот - господарот свој; а ако сум Јас татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене - вели Господ Саваот; вие свештениците, кои го презирате името Мое, велите: во што го презираме името Твое? |
7. | На жртвеникот Мој вие принесувате нечист леб, а велите, со што Те оскверуваме? - Со тоа што велите: трпезата Господова не залужува почитување. |
8. | И кога како жртва принесувате слеп добиток - не ли е тоа лошо, или кога принесувате хромо и болно, зар и тоа не е лошо? Ако го однесеш тоа на твојот кнез - ке биде ли тој задоволен од тоа и ке те прими ли со радост, вели Господ Саваот. |
9. | И така, молете Му се на Бога за да не помилува; но штом таква работа излегува од рацете ваши, ке може ли Он тоа милоствно да го прими, вели Господ Саваот. |
10. | Подобро е таков од вас да ја затвори вратата и да не се пали напразно оган на Мојот жртвеник. Не сте Ми мили, вели Господ Саваот, и не сакам да примам дар од вашите раце. |
11. | Зашто од сончев исток па се до запад името Мое ке стане големо ме у народите, и тие на секое место ке принесуваат темјан и чиста жртва; големо ке стане името Мое ме у народите, вели Господ Саваот. |
12. | А вие го хулите со тоа што велите - трпезата Господова не заслужува почитување и користа од неа е мала. |
13. | А притоа велите уште: и ете колку голем труд, а можеше и без тоа, вели Господ Саваот; принесувате крадено, хромо и болно, а притоа принесувате уште и таков лебен дар: па можам ли со благонаклоност да го примам тоа од вашите раце, вели Господ Саваот. |
14. | Нека е проклет оној што лаже, оној кој во стадото свое има неповредено машко, а дал и завет, па во жртва на Господ Му принесува повредено; зашто Јас сум Цар голем и името Мое е страшно пред народите. |
Malachi (1/4) → |