← Luke (7/24) → |
1. | Кога заврши со говорот пред народот кој Го слушаше, влезе во Капернаум. |
2. | А слугата на еден стотник, кого тој го почитуваше, беше болен на умирачка. |
3. | И кога чу за Исус, испрати кај Него јудејски старешини, за да Го замолат да дојде и да му го исцели слугата. |
4. | А кога стигнаа кај Исус, љубезно Го молеа, велејќи: "Заслужува да го сториш тоа за него, |
5. | зашто го љуби нашиот народ и тој ни ја изгради синагогата." |
6. | Исус тргна со нив. И кога веќе не беше далеку од куќата, стотникот испрати пријатели да Му кажат: "Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив. |
7. | Затоа и не се сметав достоен да Ти пристапам - туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздравее! |
8. | Зашто исто и јас сум човек потчинет, и имам потчинети војници; и на еден ако му кажам: 'Оди!' тој оди, а на друг: 'Дојди!' доаѓа; а на својот слуга: 'Направи го тоа!' го прави." |
9. | Кога го чу тоа, Исус се восхити и се заврте кон народот што одеше по Него и рече: "Bи велам, толкава вера не најдов ни во Израел." |
10. | А кога испратените се вратија дома, го најдоа слугата здрав. |
11. | Потоа Исус отиде во градот наречен Наин, а со Него одеа Неговите ученици и многу народ. |
12. | А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка му, која беше вдовица, и со неа одеше голема врволица народ од градот. |
13. | А кога Господ ја виде, се сожали на неа и и рече: "Не плачи!" |
14. | Тогаш се приближи и го допре носилото, а оние што го носеа застанаа, а Тој рече: "Момче, тебе ти зборувам, стани!" |
15. | Мртовецот седна и почна да зборува, а Тој и го предаде на мајка му. |
16. | Страв ги обзеде сите, па Го славеа Бог и велеа: "Голем пророк се појави меѓу нас" и "Бог го посети Својот народ." |
17. | И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина. |
18. | А Јовановите ученици Му соопштија на Јован сè што се случи. |
19. | Јован викна двајца свои ученици и ги испрати кај Господ да Го прашаат: "Ти ли си Оној Кој треба да дојде или да чекаме друг?" |
20. | Кога испратените дојдоа кај Него, рекоа: "Јован Крстителот нè прати кај Тебе, велејќи: Ти ли си Оној Кој треба да дојде, или да чекаме друг?" |
21. | Bо тој час Тој исцели мнозина од болести, маки и зли духови, и на мнозина слепи им подари вид. |
22. | Тогаш ним им одговори: "Одете и известете го Јован што видовте и чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат, лепрозни се исчистуваат, глуви прослушуваат, мртви стануваат, на бедните им се проповеда Евангелието; |
23. | и блажен е оној кој не ќе се соблазни од Мене!" |
24. | А кога испратените од Јован си отидоа, почна да му зборува на народот за Јован: "Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што ветрот ја лулее? |
25. | Што излеговте да видите? Човек облечен во мека облека? Ете, луѓето, кои носат сјајни облеки и живеат раскошно, се во царските дворци. |
26. | А вие, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам повеќе и од пророк! |
27. | Тој е оној за кого е пишано: 'Еве, го праќам Мојот гласникпред Твоето лице, кој ќе го подготви Твојот пат пред Тебе!' |
28. | Bи велам: меѓу родените од жена нема поголем од Јован; но најмалиот во Божјото царство е поголем од него." |
29. | И сиот народ и даночниците, кои го чуја ова, ја признаа Божјата правда, зашто беа крстени со Јовановото крштавање. |
30. | А фарисеите и закониците ја отфрлија Божјата намера за нив, и не го примија неговото крштавање. |
31. | А со кого да ги споредам луѓето од ова поколение? На кого се слични? |
32. | Тие се како децата кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: 'Bи свиревме, а не игравте! Bи пеевме жални песни, а не плачевте!' |
33. | Зашто дојде Јован Крстителот, кој ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: "Демон има!" |
34. | Дојде Синот Човеков, Кој јаде и пие, а велите: "Ете, јадач и пијаница, пријател на даночниците и грешниците! |
35. | Но се оправда мудроста пред сите нејзини чеда!" |
36. | Еден од фарисеите Го замоли Исуса да јаде со него. Тој влезе во неговиот дом и прилегна крај трпезата. |
37. | И ете, една жена од градот, која беше грешница, кога дозна дека Тој е прилегнат до трпезата во куќата на фарисејот, донесе со себе сад од алабастер со миро, |
38. | и застана зад Него до Неговите нозе, плачејќи и почна да Му ги мие нозете со солзи, да ги брише со својата коса, ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро. |
39. | И кога го виде тоа фарисејот кој Го покани, си рече во себеси: "Да е Овој Пророкот, би знаел која е и каква е оваа жена што се допира до Него: дека е грешница." |
40. | А Исус пак му одговори и рече: "Симоне, имам да ти кажам нешто." А тој: "Кажи, Учителе!" |
41. | Рече: "Двајца му беа должни на еден заемодавец. Едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. |
42. | Бидејќи немаа да му вратат, тој великодушно им прости на двајцата. Кој од нив ќе го сака повеќе?" |
43. | Симон одговори: "Мислам оној кому повеќе му простил." А Тој му рече: "Право пресуди!" |
44. | И кога се заврте кон жената, му рече на Симон: "Ја гледаш ли оваа жена? Bлегов во твојот дом, ти не ми даде вода за нозете, а таа со солзи ми ги облеа нозете и со својата коса ги избриша. |
45. | Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да Ми ги целива нозете. |
46. | Ти не ми ја помаза главата со масло, а таа Ми ги помаза нозете со миро. |
47. | Затоа ти велам, простени и се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - тој малку љуби." |
48. | А нејзе и рече: "Простени ти се гревовите." |
49. | Оние кои беа заедно со Него крај трпезата, почнаа да си зборуваат во себе: "Кој е Овој што и гревови простува?" |
50. | А на жената и рече: "Твојата вера те спаси! Оди си со мир!" |
← Luke (7/24) → |