← Luke (4/24) → |
1. | А Исус, исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, |
2. | и Духот Го водеше во пустината четириесет дена, каде што беше искушуван од ѓаволот. Тие дни ништо не јадеше, а кога поминаа, огладне. |
3. | Тогаш ѓаволот Му рече: "Ако си Божји Син, кажи му на овој камен да стане леб." |
4. | А Исус му одговори: "Напишано е дека човекот не ќе живее само од леб." |
5. | И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот |
6. | и ѓаволот Му рече: "Ќе ти ја дадам сета власт и сета нивна слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам. |
7. | Затоа, ако ми се поклониш, сè ќе биде Твое." |
8. | А Исус одговори и му рече: "Пишано е: 'Поклонувај Му се на Господ твојот Бог, и само Нему служи Му!'" |
9. | Потоа Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот на Храмот и Му рече: "Ако си Божји Син, фрли се оттука долу, |
10. | зашто е напишано: 'Ќе им заповеда на Своите ангели, да Те чуваат |
11. | и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш ногата на камен.'" |
12. | Исус одговори и му рече: "Кажано е: 'Не искушувај Го Господ, Својот Бог.'" |
13. | И откако ѓаволот заврши со сите искушенија, отстапи од Него за извесно време. |
14. | Исус се врати во силата на Духот во Галилеја, и гласот за Него се разнесе по целата околина. |
15. | А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа. |
16. | Тој дојде во Назарет, каде што беше пораснал. И според Својот обичај влезе во саботен ден во синагогата, и стана да чита. |
17. | Му го подадоа свитокот на пророкот Исаија, го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: |
18. | "Духот на Господ е врз Мене, зашто Ме помаза и Ме прати да им донесам радосна вест на бедните; да им јавам ослободување на заробените,прогледување на слепите,пуштање на слобода на напатените |
19. | и да ја навестам благопријатната Господова година." |
20. | Го смота свитокот, му го врати на служителот и седна, а очите на сите во синагогата беа вперени кон Него. |
21. | И почна да им зборува: "Денес се исполни ова писмо што го чувте со вашите уши." |
22. | И сите говореа добро за Него и им се восхитуваа на благодатните зборови што излегуваа од Неговата уста; и велеа: "Не е ли Овој синот на Јосиф?" |
23. | И им рече: "Бездруго, ќе ми ја кажете поговорката: 'Лекару, исцели се сам!' Направи и тука, во својот роден крај, сè што чувме дека си направил во Капернаум." |
24. | Тогаш им рече: "Bистина ви велам дека ниеден пророк не е добредојден во својот роден крај. |
25. | Bистина ви велам, имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога небото беше затворено три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја, |
26. | и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, туку само кај жената, вдовица, во Сидонска Сарепта. |
27. | Исто така, имаше многу лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не беше исчистен, освен Сириецот Нааман." |
28. | А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев |
29. | и станаа, Го истераа од градот, и Го одведоа до работ на стрмнината на која беше изграден нивниот град, за да Го фрлат долу. |
30. | Но Тој се мушна меѓу нив и си отиде. |
31. | И слезе во Капернаум, град во Галилеја, и ги поучуваше во сабота, |
32. | а тие му се восхитуваа на Неговото учење, зашто Неговата порака беше со авторитет. |
33. | А во синагогата имаше човек опседнат од демон, нечист дух, кој извика со силен глас: |
34. | "А што имаме ние со Тебе, Исусе Назареќанецу? Дали дојде да нè сотреш? Знам, Кој си Ти: Светиот Божји." |
35. | А Исус го прекори, велејќи: "Молкни и излези од него!" Тогаш демонот го кутна човекот насреде и излезе од него, без да му напакости. |
36. | А сите се вчудовидоа и си велеа еден на друг: "Какви се овие зборови? Со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат!" |
37. | И се разнесе глас за Него по сите околни места. |
38. | И стана од синагогата и влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта страдаше од силна треска и Го помолија за неа. |
39. | И се наведна над неа, ја прекори треската, и таа ја напушти, па стана веднаш и им служеше. |
40. | А на зајдисонце сите што имаа болни од разни болести ги доведоа кај Него. Тој ги ставаше рацете врз секој од нив и ги исцелуваше. |
41. | Притоа демони излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: "Ти си Божјиот Син." А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос. |
42. | А кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а народот Го бараше и дојде до Него, и сакаше да Го задржи за да не си отиде од нив. |
43. | А Тој им рече: "И на другите градови треба да им го проповедам Евангелието за Божјото царство, зашто затоа сум испратен." |
44. | И продолжи да проповеда по синагогите во Јудеја. |
← Luke (4/24) → |