← Luke (3/24) → |
1. | Bо петнаесеттата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод тетрарх на Галилеја, а неговиот брат Вилип тетрарх на Итуреја и Трахонитида, а Лисаниј - тетрарх на Абилена, |
2. | кога Ана и Кајафа беа врховни свештеници, Божјиот збор дојде во пустината до Јован, синот на Захарија. |
3. | И тој одеше по целата област околу Јордан и проповедаше покајничко крштавање за проштавање на гревовите, |
4. | како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија: "Глас на оној кој вика во пустината: 'Подгответе го патот за Господ, исправете ги Неговите врвици! |
5. | Нека се исполни секоја долина, и секоја гора и ритче нека се снижат; и што е кривулесто нека се исправи, а нерамните патишта нека се израмнат! |
6. | И секој еден ќе го види Божјото Спасение!' |
7. | На народот, пак, кој доаѓаше да се крсти, му велеше: "Змиска породо! Кој ве предупреди да бегате од гневот што иде? |
8. | Затоа, донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: 'Го имаме Авраам за татко!' Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраам. |
9. | А и секирата веќе лежи при коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво што не дава добар плод се сече и се фрла в оган." |
10. | А народот Го прашуваше, велејќи: "Тогаш, што да правиме?" |
11. | А тој им одговараше и велеше: "Кој има две туники, нека ги сподели со оној кој нема, и кој има храна нека го прави истото!" |
12. | Дојдоа и даночниците да ги крсти и му рекоа: "Учителе, што да правиме ние?" |
13. | Тој им рече: "Не земајте ништо повеќе од она што ви е наредено!" |
14. | Го прашаа и војниците: "Што да правиме ние?" И им рече: "Не изнудувајте пари од никого, не обвинувајте лажно, и бидете задоволни со својата заработка!" |
15. | А бидејќи луѓето беа во очекување и сите размислуваа во своите срца за Јован, да не е тој Христос, |
16. | Јован им одговори на сите: "Јас ве крштавам со вода, но иде посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремените на Неговите сандали. Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и оган. |
17. | Bо Неговата рака е лопатата, за да го исчисти Своето гумно и за да ја собере пченицата во Својот амбар, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган." |
18. | И со многу други поуки му го проповедаше Евангелието на народот. |
19. | А тетрархот Ирод, кого тој го прекори заради Иродијада, жената на брата му, и за сите зли дела што ги беше направил Ирод, |
20. | кон сите нив го додаде уште ова: го затвори Јована в зандана. |
21. | Кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус и додека се молеше - небото се отвори, |
22. | и Светиот Дух слезе на Него, во телесен облик, како гулаб, и се чу глас од небото: "Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја." |
23. | А Самиот Исус имаше триесетина години кога почна да проповеда и беше, како што мислеа, син на Јосиф од Или, |
24. | син на Матат од Леви, син на Мелхи од Јанај, син на Јосиф од |
25. | Мататиј, син на Амос од Наум, син на Хесли од Нагај, |
26. | син на Маат од Мататиј, син на Семеин од Јосиех, син на Јода од |
27. | Јоанан, син на Реза од Зоробабел, син на Салатил од Нери, |
28. | син на Мелхи од Ади, син на Косам од Елмодам, син на Ир од |
29. | Јошуа, син на Елиезер од Јорим, син на Матат од Леви, |
30. | син на Симеон од Јуда, син на Јосиф од Јонан, син на Елијаким од |
31. | Мелеа, син на Мена од Мататиј, син на Натан од Давид, |
32. | син на Јесеј од Обед, син на Бооз од Салмон, син на Насон од |
33. | Аминадаб, син на Админ од Арни, син на Хесром од Варес, син на Јуда од |
34. | Јаков, син на Исак од Авраам, син на Тара од Нахор, |
35. | син на Серух од Рага, син на Валек од Ебер, син на Сала од |
36. | Каинам, син на Арфаксад од Сем, син на Ное од Ламех, |
37. | син на Матусал од Енох, син на Јаред од Малелел, син на Каинам од |
38. | Енос, син на Сет од Адам, Божји. |
← Luke (3/24) → |