← Luke (24/24) |
1. | Bо првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги беа приготвиле. |
2. | Но го најдоа каменот тргнат од гробот. |
3. | А кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. |
4. | И додека стоеја збунети заради тоа, ете, пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. |
5. | Бидејќи беа уплашени, ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: "Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? |
6. | Тој не е тука! Bоскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека уште беше во Галилеја, |
7. | говорејќи: 'дека Синот Човеков треба да биде предаден во рацете на грешниците и дека ќе биде распнат и дека ќе воскресне на третиот ден!' |
8. | И се сетија на Неговите зборови. |
9. | И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесеттемина и на сите други. |
10. | А тие беа: Марија од Магдала, и Јоана, и Марија, мајката на Јаков, и други жени со нив та им го кажаа тоа на апостолите. |
11. | А ним овие зборови им се чинеа невистина, и не сакаа да им поверуваат. |
12. | Но Петар стана и отрча до гробот, се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, вчудовидени од она што се случило. |
13. | И ете, во истиот ден, двајца од нив одеа кон едно село наречено Емаус, оддалечено околу десет километри од Ерусалим, |
14. | и разговараа меѓу себе за сите овие настани. |
15. | И додека тие разговараа и се прашуваа, Самиот Исус им се приближи и одеше со нив. |
16. | Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. |
17. | И им рече: "Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи по пат?" А тие застанаа гледајќи нажалено. |
18. | Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: "Дали си Ти единствениот туѓинец во Ерусалим, Кој не знае, што се случи во него овие дни?" |
19. | И им рече: "Што?" А тие Му рекоа: "Она што стана со Исус Назареќанецот, Кој беше пророк, силен на дело и на збор, пред Бог и пред целиот народ, |
20. | и како нашите првосвештеници и старешини Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа. |
21. | А ние се надевавме дека Тој е Оној што ќе го избави Израел. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. |
22. | А нè збунија и некои од нашите жени, кои беа отишле многу рано на гробот, |
23. | и не го нашле Неговото тело. Дојдоа и кажаа дека виделе и јавување на ангели, кои им рекле дека Тој е жив. |
24. | Некои од нашите отидоа до гробот и го нашле точно како што рекоа жените, но Него не Го виделе." |
25. | Тој им рече: "О неразумни и бавни во сфаќањето на сето она што го рекоа пророците! |
26. | Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава?" |
27. | Та кога почна од Мојсеј и од сите пророци, им објасни што е пишано за Него во Писмото. |
28. | Кога се приближија до селото во кое одеа, Тој се направи небаре сака да продолжи понатаму. |
29. | Но тие Го задржуваа, велејќи: "Остани со нас, зашто ноќта наближува, а денот веќе превали!" И Тој влезе за да остане со нив. |
30. | И додека беше прилегнат со нив крај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде. |
31. | Тогаш им се отворија очите и Го препознаа, но Тој стана невидлив за нив. |
32. | И си рекоа еден на друг: "Не гореа ли нашите срца во нас, кога ни зборуваше по пат и ни ги толкуваше Писмата?" |
33. | И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани единаесеттемина, и оние кои беа со нив, |
34. | кои зборуваа: "Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон!" |
35. | А тие, пак, раскажаа што им се случи по пат и како Го препознаа при раскршувањето на лебот. |
36. | И додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: "Мир вам!" |
37. | А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. |
38. | А Тој им рече: "Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца? |
39. | Погледнете ги Моите раце и Моите нозе - Јас сум ! Допрете Ме и видете, зашто дух нема месо и коски, а како што гледате, Јас имам." |
40. | И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и стапалата. |
41. | А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: "Имате ли тука нешто за јадење?" |
42. | И Му дадоа парче печена риба. |
43. | Тој го зеде и јадеше пред нив. |
44. | И им рече: "Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите." |
45. | Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата, |
46. | и им рече: "Напишано е дека Христос треба да настрада и да воскресне од мртвите на третиот ден, |
47. | и да биде навестувано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи, почнувајќи од Ерусалим. |
48. | Bие сте сведоци на тоа, |
49. | а еве, Јас ви го праќам ветувањето на Мојот Татко, а вие останете во градот, додека не се облечете во сила озгора!" |
50. | Потоа ги изведе до Бетанија, ги поткрена Своите раце и ги благослови. |
51. | И додека ги благословуваше, се оддели од нив. |
52. | А тие се вратија во Ерусалим со голема радост, |
53. | и беа постојано во Храмот благословувајќи Го Бог. |
← Luke (24/24) |