← Luke (23/24) → |
1. | Тогаш сите заедно станаа и Го одведоа кај Пилат. |
2. | И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: "Го најдовме Овој како го заведува нашиот народ и забранува да се дава данок на цезарот, а за Себе вели дека е Христос, цар." |
3. | А Пилат Го запраша, велејќи: "Ти ли си царот на Евреите?" А Тој како одговор му рече: "Ти тоа го велиш." |
4. | Тогаш Пилат им рече на првосвештениците и на толпата: "Не наоѓам никаква вина кај овој човек." |
5. | Но, тие уште поупорно извикуваа: "Тој го бунтува народот, зашто поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па довде." |
6. | А кога Пилат го чу тоа, праша дали е Тој Галилеец. |
7. | И кога разбра дека е под надлежноста на Ирод, Го испрати кај него, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим. |
8. | А кога Ирод Го виде Исуса, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше чул за Него и се надеваше дека ќе види некое чудо што ќе го направи Тој. |
9. | И Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори. |
10. | А првосвештениците и закониците стоеја и непрестајно Го обвинуваа. |
11. | Тогаш Ирод, со своите војници, откако покажа презир и Му се изнаруга, Го облече во раскошна облека и Го испрати назад кај Пилат. |
12. | Bо истиот ден Пилат и Ирод се спријателија, зашто порано беа непријатели. |
13. | А Пилат ги свика првосвештениците, управителите и народот, и им рече: |
14. | "Ми Го доведовте овој човек под обвинение дека го бунтува народот, а еве, јас Го испитав пред вас и не најдов во Него никаква вина за која Го обвинувате. |
15. | А ниту Ирод, зашто Го прати назад кај нас. Овој не сторил ништо што заслужува смрт. |
16. | Затоа, ќе Го казнам ама потоа ќе Го ослободам." |
17. | А требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. |
18. | Но сите тие извикаа едногласно: "Земи Го Овој, а пушти ни го Бараба!" |
19. | А тој беше фрлен в зандана, заради некаков бунт во градот и заради убиство. |
20. | А Пилат им се обрати повторно, сакајќи да Го ослободи Исуса, |
21. | но тие викаа, повторувајќи: "Распни Го! Распни Го!" |
22. | А тој им рече по третпат: "Та какво зло сторил? Јас не најдов во Него ништо што заслужува смрт. Затоа ќе Го ослободам откако ќе Го казнам." |
23. | Но тие навалуваа со голема викотница и бараа да биде распнат, и нивното викање надвладеа. |
24. | Тогаш Пилат реши да им го исполни барањето. |
25. | И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен в зандана заради бунт и убиство, а Исуса им Го предаде на нивна волја. |
26. | И кога Го поведоа, фатија некојси Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса. |
27. | По Него одеше долга врволица мажи и жени, кои плачеа и лелекаа за Него. |
28. | Но Исус им се обѕрна и им рече: "Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себеси и за своите деца! |
29. | Зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: Блажени се неплодните, и утробите што не родиле и градите што не доеле!' |
30. | Тогаш ќе почнат да им зборуваат на планините: 'Паднете врз нас!' и на ридиштата: 'Покријте нè!' |
31. | Зашто, ако се постапува вака со зеленото дрво, што ќе биде со сувото? |
32. | А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат заедно со Него. |
33. | И кога дојдоа на местото наречено Черепница, таму Го распнаа Него, и злосторниците: едниот оддесно, а другиот одлево. |
34. | А Исус рече: "Татко, прости им, бидејќи не знаат што прават!" Кога си ја делеа Неговата облека, фрлија жрепка. |
35. | Народот стоеше и гледаше. А старешините се клештеа, велејќи: "Тој спаси други! Нека се спаси Самиот Себеси, ако е Тој Христос, Божјиот Избраник!" |
36. | Му се потсмеваа и војниците, кои Му приоѓаа и Му даваа оцет, |
37. | велејќи: "Ако си цар на Евреите спаси се Самиот!" |
38. | А над Него имаше натпис: "ОBОЈ Е ЦАРОТ НА ЕBРЕИТЕ." |
39. | А еден од разбојниците кој висеше таму Го хулеше: "Зар не си Ти Христос? Спаси се Себеси и нас!" |
40. | А другиот одговори и го прекори: "Зар немаш страв од Бог, кога и ти си исто така осуден. |
41. | Ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото за тоа што го имаме сторено. Но Овој не сторил никакво зло." |
42. | И рече: "Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во Твоето Царство!" |
43. | А Тој му рече: "Bистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот." |
44. | А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час, |
45. | кога сонцето ја загуби својата светлина, а завесата во Храмот се расцепи надве. |
46. | Тогаш Исус извика со силен глас: "Татко, Го предавам Својот Дух во Твоите раце." И откако го рече ова, издивна. |
47. | А кога стотникот виде што се случи, Го прослави Бога, велејќи: "Навистина, овој човек беше праведен!" |
48. | И сета толпа што се беше собрала да го гледа ова, кога виде што стана, се враќаше дома, удирајќи се в гради. |
49. | А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои беа дошле по Него од Галилеја, го гледаа тоа. |
50. | И ете, некој човек по име Јосиф, кој беше член на Советот, добар и праведен човек, |
51. | кој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело, од јудејскиот град Ариматеја, кој го очекуваше Божјото царство, |
52. | отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело. |
53. | И кога го симна, го замота во ленено платно и го положи в гроб, издлабен во карпа, во кој уште никој не беше положен. |
54. | А беше ден на подготовката и настапуваше саботата. |
55. | А жените кои дојдоа со Него од Галилеја, одеа по него, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело. |
56. | Потоа се вратија и приготвија мириси и миро, а во саботата си се починуваа, според заповедта. |
← Luke (23/24) → |